• Latest

Лудилото почна: Политичката омраза предизвика убиство?!

February 22, 2016
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Лудилото почна: Политичката омраза предизвика убиство?!

February 22, 2016 12:34
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Сеењето зло, блуењето гнев и бес, јазикот на омраза и сатанизацијата на сите инакумислечки, ја турка Македонија во безмалку, предвоено лудило. Политичките елити, лицемерно се затскриваа зад своите телали&барабанџии, на кои им дозволуваа да ги излижат чиниите од вулгарно полните софри и од баханалиите платени со парите на граѓан(к)ите, тврдејќи дека соперниците од друга идеолошка провениенција им се само политички опоненти, а не и крвни непријатели. И истовремено, им дозволуваа на „мегафоните“ да дивеат, да лажат и пласираат гадости, за сотрување во корен на конкурентите…

Синиша Станковиќ
Пишува: Синиша Станковиќ

Скришум, зад сцена, влечеа за уши, туркаа во ендек и семејства, прикриваа злосторства, црнохуморно се подбиваа со државата „во која ни едно убиство не може да се сокрие“, а јавно глумеа верници, демократи, смерни и чесни стопани, демек, фиљан луѓе, еснафлии… И ги оставаа гнасотилаците, јавно да ги промовираат, нивните дебеловрати и празноглави момоци, ноќни, телефонски шепкачи на перница, заштитени криминалци, фрустрирани бајачки&јасновидки кои откриваат белосветски заговори против библиска Македонија со гледање во филџан, чаша, шолја …

И премногу долго рационалниот дел од македонската јавност, главно се подбиваше со глупоста и проѕирните пароли на „револуционерите од под Јорган Планина“, водејќи се од арогантната максима „не ги чепкај – ќе засмрди“, нели, и онака никој не ги слуша/гледа/чита.. Но, толпата разулавени пропагандисти, подбуцнувачи и хејтери на сите кои се пообразувани, поубави, посреќни, поуспешни, поздрави…, која, завидувајќи до балчак, богохулеше, ровареше, труеше…, сепак, може да биде задоволна. Македонија е денес антагонизирана до срж, омразата е всадена и тлее меѓу довчерашните пријатели и комшии, сватови и роднини. Ни крвта не се признава, ако партиската униформа е поинаква…

„Бизарна расправија, по неколку чаши ракија, била кобна за 80-годишниот старец од мариовското село Маково, кој бил до смрт претепан од 53-годишен поранешен осуденик, откако ја пофалил работата на специјалната обвинителка, Катица Јанева, и се порадувал на кривичното гонење на поранешните министри на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески“, е вчерашната вест, која ако е добро пренесена, на сите нормални луѓе, кои од било кои причини сé уште живеат во Македонија, мора да им ја смрзне крвта во вените.

Почнавме ли и да се убиваме, во име на партиските „вистини“?

Доста! Ќе се свестиме, или ќе лееме крв! На кутрата Македонија итно и е неопходна реанимација за будење од трансот и интензивно лекување од лудилото кое 24/7 и го всадуваат произведувачите на магла, илузионистите кои се подготвени на сé, за да го сокријат криминалот, за да не се соочат со незадоволството на обесправените и лажените. Многу вистински моменти веќе пропуштивме. Време за каење – нема. Вчера веќе се слушаа повици на драстични решенија, на демек, решително – НЕ на Западот и пресметка со предавниците на каузата, па и на палење на амбасади! Да не го пропуштиме, скраја да е, и последниот момент во кој нашата реакција сé уште може да има некаков резултат. Да не дозволиме да не внесат со сила, во нивните сценарија за крвопролевање за спас на фотелјите, да го сопреме лудилото!

Tags: МакедоијаомразаполитикаСиниша СтанковиќУбиствоЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ