• Latest

Македонија: Преглед на настани (11 јули 2016)

July 11, 2016

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Македонија: Преглед на настани (11 јули 2016)

July 11, 2016 23:31
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (11 јули 2016 година): Вандализам пред доаѓањето на Груевски во Крушево || Викторија Нуланд со поддршка за граѓанскиот сектор и за СЈО || Вработените во ЈП „Улици и патишта“ под притисок да возат нерегистрирани возила || ДКСК не бара одговорност од високи функционери || Уставниот суд не ја разгледа иницијативата за способноста на Иванов да ја извршува функијата || Нов протест на Шарената револуција против задолжувањето 

хв

Вандализам пред доаѓањето на Груевски во Крушево

b1d54544-246a-44b1-902f-60e014b54fbe

Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски, по враќањето од свадбата во Италија, викендов беше во посета на Крушево. За време на неговата посета, активистите од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Крушево, насилно го симнаа транспарентот од седиштето на ОО на СДСМ во Крушево, на кој пишуваше „Шутка не ти бега, Никола!” И како овој вандалски чин да не бил доволен, активистот и долгорочен набљудувач на ЦИВИЛ Центар за слобода, Сотир Габелоски од Крушево, во саботата бил нападнат од активистите на ВМРО-ДПМНЕ, додека го чекале Груевски да го посети градот.

Викторија Нуланд со поддршка за граѓанскиот сектор и за СЈО

Viktorija_Nuland_Jess_Baily_13-7-15-300x200

Помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд изрази поддршка за работата на Специјалното Јавно обвинителство и охрабрување за истражувачките новинари и граѓанските активисти во Македонија. Таа денеска во Скопје се сретна со лидерите на партиите-потписнички на Договорот од Пржино, со тимот на СЈО на Катица Јанева и со истражувачки новинари и претставници на цивилниот сектор.

Вработените во ЈП „Улици и патишта“ под притисок да возат нерегистрирани возила

13639904_10209750620067461_1471346655_o

Вработените во ЈП „Улици и патишта”, од денеска се под притисок од раководството, да возат возила што не се регистрирани!?Како што за ЦИВИЛ Медиа, информираат дел од вработените кои не прифаќаат да возат, без претходно да се регистрираат возилата, веќе е направена листа во која се наведени вработените кои се послушни и оние кои одбиваат да возат. Според досегашната пракса, вработените очекуваат санкциите да бидат 15 отсто од платата во временски период од шест месеци! Бројот на возила кои ќе од утре ќе бидат на терен без регистрација, е планирано да биде поголем од денес, велат вработените.

ДКСК не бара одговорност од високи функционери

Десетици поднесени опомени, барања за кривична одговорност, иницијативи за разрешување и пријави за функционери, кои биле во судир на интереси, или, пак, не доставиле анкетен лист се наведени во најновиот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) за нивното работење во 2015 година. Но, во фокусот на работењето на антикорупционерите и понатаму останаа локални функционери и службеници, додека нема ниту една иницијатива за барање одговорност од високи функционери.

Уставниот суд не ја разгледа иницијативата за способноста на Иванов да ја извршува функцијата

13055765_955247861260350_2218074716732916159_o-470x246

Уставниот суд не ја ни разгледа иницијативата поднесена од лидерот на Народното движење на Македонија Јанко Бачев, кој пред еден месец побара да се поведе постапка за утврдување на спреченост на Претседателот да ја врши функцијата. Генералниот секретар на Уставниот суд Оливера Филиповска, одлучила дека нема потреба да се формира предмет по Иницијативата за претседателот Иванов, без воопшто да ги консултира судиите. Ваквата Иницијатива, НДМ ја темелат врз контрадикторните одлуки на претседателот Иванов за аболицијата, за кои самиот тој одлучил дека иако противречни, сите се во интерес на државата.

Нов протест на Шарената револуција против задолжувањето 

sfs

Стотици полицајци ги блокираа сите приоди кои водат кон Министерството за финансии, кон кое се упатија илјадниците демонстранти на денешниот протест на Шарената револуција. Протестот и денеска започна од пред зградата на СЈО, од каде со транспарент „1,1 милијарди причини за крај“, шарените револуционери го продолжија протестниот марш. Со полициски кордон демонстрантите се соочија на улица „Македонија“, за потоа да сфатат дека полиција има насекаде, со што пристапот до зградата на Министерството за финансии кон која беше упатен денешниот протест, беше речиси невозможен. Најбројна беше полицијата пред премините кај трговскиот центар „Палома Бјанка“.


 

german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

 

Tags: МакедонијаполицијапрегледПротестСЈОУставен судЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ