• Latest

Македонија: Преглед на настани (13 јули 2016)

July 13, 2016
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Македонија: Преглед на настани (13 јули 2016)

July 13, 2016 23:44
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (13 јули 2016 година): МВР најавува проверка, командирот негира дека бакнувал кама и револвер! || Граѓан(к)ите со петиција: Не за еврообврзницата! || Со ново раководство на ВМРО-ДПМНЕ – кредибилни избори во ноември? || ЗНМ одбива да прави контрола на медиумите пред избори || Нема договор за преодна влада

timeline logo 01 - C

МВР најавува проверка, командирот негира дека бакнувал кама и револвер

timthumb

Министерството за внатрешни работи ќе проверува дали командирот на крушевската полиција, Благојче Димшоски треба дисциплински да одговара, затоа што, според медиумите, се фотографирал како во службена униформа се поклонува пред револверот и камата, на олтарот на историското ВМРО. Командирот Димшоски пак, е дециден дека тој не се фотографирал со симболите на историското ВМРО и дека не е актер во чин што асоцира на давање заклетва на некогашните припадници на ВМРО. „Таква фотографија не постои, тоа е фотомонтажа“, кусо изјави Димшоски за ЦИВИЛ Медиа, одбивајќи воопшто каков било друг коментар на оваа тема.

Граѓан(к)ите со петиција: Не за еврообврзницата!

PfEbmtIPkOfgLVy-800x450-noPad

Повеќе од 3.000 загрижени граѓанки и граѓани за само неколку дена се потпишаа на онлајн петицијата „Не за еврообврзницата! “, која беше објавена како револт од одлуката на Владата за нова еврообврзница до 650 милиони евра. На овој начин, како што за ЦИВИЛ изјави економскиот аналитичар Џевдет Хајредини, долгот на државата ќе се зголеми на пет милијарди евра!

Со ново раководство на ВМРО-ДПМНЕ – кредибилни избори во ноември?

Screenshot 2016-07-13 10.52.05

Решение за актуелната политичка криза, и според граѓанскиот сектор и според меѓународниот фактор, се фер, демократски и регуларни избори, на кои гласачите слободно ќе го дадат својот глас. По посетата на Македонија на заменик државниот секретар на САД, Викторија Нуланд, како да се враќа оптимизмот дека со политичка волја за реформи, регуларни избори, сепак, може да се случат до крајот на годинава. Според проценките на претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала, кредибилни избори ќе се одржат во ноември, доколку целото општество, со сите капацитети, се избори со политичката корупција којашто ги инфицира сите пори на системот.

ЗНМ одбива да прави контрола на медиумите пред избори

Претседателот на Здружението на новинари Насер Селмани, потврдува дека го одбиле предлогот да делегираат член во ад-хок телото што ќе треба да врши контрола на работата на медиумите 100 дена пред избори и за време на нивното одржување, бидејќи, како што вели, не прифаќаат половични решенија.

Нема договор за преодна влада 

przino_6

Нема договор во Пржино. По целодневните преговори, претставниците на партиите-потписнички на Договорот од Пржино не се договорија за преодната Влада. Партиите се заглавени кај ингеренциите за кадровски смени на министерот за внатрешни работи во преодната влада. Во однос на Избирачкиот список, оние гласачи од спорните 40.000 што нема да се пријават на јавниот повик – ќе бидат избришани. По барање на ДПА ќе има 5 дена плус за смопријавување, но ќе се скрати периодот за проверка и потврда од страна на ДИК.


German Cooperation logo - C

ЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mк

Tags: заканиизбориМакедонијановинариполицијапреглед на настаниЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ