Македонија е на 90-тото место, според годинешното рангирање за нивото на корупција во 176 земји, кое денеска го објави „Транспаренси интернешнл“.
На новата листа, Македонија е за 15 места пониско рангирана од најкорумпираната држава-членка на Европската унија, Бугарија.
Споредено со 2015-тата, Македонија минатата година покажала поголем неуспех во борбата со корупција и со тоа паѓа за 5 места на листата на „Транспаренси интернешнл“.
Во земјите од регионот, од Македонија полошо е рангирано Косово кое е на 95-то место. Од балканските држави, најдобро рангирана е Словенија (31). Потоа следат, Србија (72), и Албанија и Босна која го делат 83-тото место.
Најнекорумпирани држави се Данска, Нов Зеланд и Финска. Во првите десет места се и Шведска, Швајцарија, Норвешка, Сингапур, Холандија, Канада и Германија.