• Latest

Македонија утре ги слави двата историски Илиндена

August 1, 2018

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Македонија утре ги слави двата историски Илиндена

August 1, 2018 09:34
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија утре ќе го одбележи Денот на Републиката 2 Август и двата историски Илиндена – 115 години од почетокот на Илинденското востание и 74 години од Првото заседание на АСНОМ.

Делегацијата на Мечкин Камен во Крушево ќе ја предводи претседателот на Република Македонија  Ѓорѓе Иванов.  Во 9.30 часот ќе биде положено свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, а во 10 часот на Споменикот на хероите во месноста Слива. Во 12 часот ќе биде положено цвеќе на Мечкин Камен, по што претседателот Иванов ќе има обраќање.

илинден крушево          .jpg

На Мечкин Камен ќе присуствува и владина делегација составена од вицепремиерот Кочо Анѓушев, министрите за транспорт и врски, информатичко општество и администрација, локална самоуправа и за здравство, Горан Сугарески, Дамјан Манчевски, Сухејл Фазлиу и Венко Филипче.

Чествувањето во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце ќе почне во 11 часот. Во делегацијата, која ќе ја предводи претседателот на Владата Зоран Заев, ќе бидат министрите за внатрешни и за надворешни работи, за правда и за култура, Оливер Спасовски, Никола Димитров, Рената Дескоска и Асаф Адеми. Тие ќе положат цвеќе во Меморијалниот центар, а обраќањето на премиерот Заев е предвидено за 11.30 часот.

Свеченоста во Пелинце ќе биде збогатена со културна програма, со настап на хорот „Вардар“, ансамблот „Танец“ и КУД „Емин Дураку“.

илинден пелинце .jpgЧествувањето во Скопје ќе почне во 10 часот пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев, каде што  цвеќе ќе положат претседателот на Собранието Талат Џафери и владина делегација составена од министрите за труд и социјална политика, за финансии и за дијаспора, Мила Царовска, Драган Тевдовски и Едмонд Адеми.

Делегацијата во 10.30 часот ќе положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, а во 10.45 претседателот на Собранието Џафери ќе има обраќање.

Ченто

Илинден ќе се слави и во Смилево, каде што се обележуваат 115 години Илинден и 76 години од првата борбена акција на Битолско-преспанскиот партизански одред „Даме Груев“ за ослободување на Смилево.

По тој повод, во 9 часот цвеќе ќе биде положено на спомен-обележјето могила на Даме Груев – обелиск, на споменикот на Смилевските илинденци – обелиск и на спомен-плочата на Партизанскиот одред „Даме Груев“.

Владата во Смилево ќе ја претставуваат министерот без ресор Зоран Шапуриќ, заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески и националниот координатор за здравство Гоце Чакаровски.

Како и минатата година, чествувањето е инспирирано од  Крушевскиот манифест и логото е „Наша Македонија – без разлика на вера, етничка припадност, пол и убедувања. Бидејќи од дедо – прадедо си живееме како браќа и сестри на оваа земја! За право, за слобода и за човечки живот“.

Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател… Слободната Република траела десет дена.

Крушевска република

Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска војска тргнала во акција за враќање на власта во Крушево. Последните истрели на Мечкин Камен и загинувањето на војводата Питу Гули, го означиле и крајот на Крушевската Република.

Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот Св. Прохор Пчињски кај Куманово 115 делегати го одржале Првото заседание на АСНОМ (Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија), на кое е потврдена општествено-правната положба на Македонија како рамноправна федерална држава во рамките на ДФ Југославија. Заседанието го отворил Панко Брашнаров, најстариот делегат и сведок на двата Илиндена. Избран бил  Президиум на АСНОМ, под претседателство на Методија Андонов-Ченто.

Заседанието усвоило неколку документи со државотворно значење, меѓу кои и Решението за воведување на македонскиот јазик за службен јазик во македонската држава и Декларацијата за основните права на човекот и граѓанинот на демократска Македонија. (МИА)

Tags: 2 АвгустАСНОМДраган ТевдовскиЕдмонд АдемиИлинденМакедонијаМечкин КаменМила ЦаровскаСобрание на Република МакедонијаТалат Џафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ