• Latest
Добро утро со Орданоски

„Малото“ вето на Грција

May 21, 2018

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

„Малото“ вето на Грција

May 21, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]С[/dropcap]е чини дека предлогот „Република Илинденска Македонија“ доживеа половичен дебакл: со примена на „мало“ вето, Грците (но и ВМРО-ДПМНЕ, како и овдешните пробрани руски екстензии, „турската“ фракција на БЕСА на Касами и националистичката Алијанса на Албанците на Села – едно занимливо, неочекувано составено друштво) го отфрлија предложеното ново име, но „исплива“ дека, кога ќе дојде, решение ќе треба да биде ерга омнес, со признаени македонска нација и јазик, плус меѓународни кодови со мк и мкд.

Од ова, се разбира, никој не е задоволен, а во Македонија на Заев му „рипнаа на врат“ сите од оние делови во јавноста кои, секој од свои причини, не се задоволни од работењето на неговата Влада. Во „вадењето душа со памукче“ како да предничи една колекција од разно-разни бивши функционери од СДСМ, долгогодишни експерти за мрчење.

Сепак, што е значајно за Заев, СДСМ и ДУИ ја продолжија и, се чини, ја зацврстија меѓусебната политичка решеност да дојдат до прифатливо заедничко решение и за двете страни. Прв пат по лидерска средба видовме заедничко соопштение кое го читаше Заев, рамо до рамо застанат со Али Ахмети.

Резултатот е: пата-пата.

Би се рекло, ништо ново, со една значајна разлика, а тоа е дека харизмата на „таличниот Заев“ е тешко ранета, бидејќи е ова за него прв поголем политички удар откако фуриозно реши да застане на чело на процесот за внесување на Македонија во ЕУ и НАТО, што налути важни центри во земјата и во странство. Памтите: не беше тешко навреме да се предвиди дека тие центри „ќе го рушат“ нашиот прием во НАТО преку своите влијанија и инсталации во Грција, бидејќи во Македонија стојат прилично слабо. Така, изгледа, и се случи. Прогресивните сили и таму и овде се во жесток судир со силите на регресот, а силите на регресот од завчера слават, извадија значаен бод во гости.

Нашата Влада, пак, не се откажува од намерата да ги убедат Грците дека „Република Илинденска Македонија“ сепак е најдоброто решение коешто им одговара и на Грците. Тоа мене ми се чини како губење време, иако поточната квалификација би била „купување време“. Грчката влада го соопшти тоа што го соопшти и тешко дека изговореното може да го проголта назад.

Но, сега е време за „следното ниво“ на целиот овој заплет. Со овој, макар привремен, распад на преговорите за името, треба да се очекува силен налет на антизападните политички сили и кругови во Македонија. И јас да сум на нивно место не би ја пропуштил оваа шанса. Таа офанзива ќе се одвива по истата „траекторија“ (што би рекол Мицкоски во необично жестоката изјава за отфрлање на варијантата за илинденската Македонија по лидерскиот брифинг за името) којашто веќе е применувана на други балкански територии за контрирање на амбициите за влез во НАТО. Тоа не подразбира само обилна „неутрално-тврдокорна“ реторика, туку опасност и од поинакви провокации и дестабилизирачки операции.

Ќе се пробудат ли нашите западни сојузници со некакви порешителни интервенции во споров, од „дремката“ во која постојано блебетаат дека „ги охрабруваат и двете страни…“, за да ја искористат преостанатата позитивна енергија од историското приближување на грчко-македонските ставови во спорот?

Бидејќи не им е прв пат (и) во македонската приказна да бидат фатени на спиење, кога се очекува дека чуваат стража. Сонот е најсладок пред зори, како и густината на темницата што ќе треба да се крене.

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: АхметиветоГрцијаЕУЗаевИлинденскаимеМакедонијаМицковскиНАТОРусијаспор
Share118TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ