• Latest
Фото: Фејсбук

Маричиќ: Со граѓанските организации имаме иста мисија и цел – низ заеднички дијалог да ги направиме преговорите со ЕУ квалитетни, ефикасни и брзи

March 28, 2023

Локални избори, прв круг: ЦИВИЛ со прелиминарна оценка во 21 часот

October 19, 2025
Илустрација ВИ

Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто

October 19, 2025

Гласањето заврши без поголеми неправилности, почнува броењето

October 19, 2025
Онлајн прес конференција на ЦИВИЛ во 18 часот, 19 окт. 2025 (фото: Б. Тахири/Фронтлајн)

Прес на ЦИВИЛ во 18 часот: Зголемена активност на партиски активисти, сомнежи за поткуп на гласачи, ЦИВИЛ со остар протест поради попречувањeто на набљудувачите

October 19, 2025
Скриншот од ДИК

ДИК: Излезноста до 17:00 часот на локалните избори изнесува 39,61%, највисока во Вевчани- 61,84 %

October 19, 2025

ЦИВИЛ со порака до избирачките одбори: Важечко е секое гласачко ливче од кое се гледа дека гласачот јасно ја изразил својата волја

October 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го обвини Хамас дека го прекршил примирјето со напади вон договорената линија на повлекување, ИДФ одговори со воздушни напади

October 19, 2025

Втора прес конференција на ЦИВИЛ: Групно гласање, починати лица во избирачки список, непрописно однесување на дел од членови на ИО

October 19, 2025

Излезеноста до 13:00 часот 20,12 отсто, во Скопје 20,07 проценти, најголема во Чашка-40,74 отсто

October 19, 2025

АВМУ: Прекршочни постапки за ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Маричиќ: Со граѓанските организации имаме иста мисија и цел – низ заеднички дијалог да ги направиме преговорите со ЕУ квалитетни, ефикасни и брзи

March 28, 2023 17:52
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Фејсбук

Фото: Фејсбук

Share on FacebookShare on Twitter

Процесот на уставни измени ќе започне пред летото. Очекуваме да биде успешен, а изборите ќе бидат во редовен термин, кон средина на наредната година. Важно да се држиме на обврските од нашиот европски пат и членството во ЕУ, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Во одговор на новинарско прашање пред конференцијата „Граѓанските организации – катализатори на европската интеграција на Северна Македонија“, во организација на Секретаријатот за европски прашања, Маричиќ истакна дека е при крај постапката за формирање на работната група за уставните измени, дека има добар одѕив од оние што ги поканиле за разговор и учество во групата за што очекува наскоро да соопшти Министерството за правда.

Очекувам да се објави во наредните денови таа група и вендаш да започнеме со формулација на уставните амандмани. Во Собранието, сега како што е, има една атмосфера во која што опозицијата сака да ја избегне темата за уставни измени. Јас мислам дека тоа не му оди во прилог никому, напротив мислам дека треба што поскоро да ја отвориме таа дебата. Ние затоа ќе ги формулираме амандманите и ќе ги пуштиме во општествена дебата најпрво преку граѓанските организации, преку академските институции, за да дадеме простор да се разменат аргументите, да се разменат мислењата, да се влезе во суштината на уставните измени, и да се создаде атмосфера во Собранието во која што ќе имаме една здрава разумска дебата, пред се, за тоа дали сакаме и колку бргу сакаме да бидеме во ЕУ, бидејќи тоа е вистинското прашање, а не е вистинското прашање Бугарија. Вистинското прашање е дали и колку бргу сакаме да стигнеме во ЕУ, вели Маричиќ.

На својот фејсбук-профил, Маричиќ напиша дека „со граѓанските организации имаме иста мисија и цел: низ заеднички дијалог да ги направиме преговорите со ЕУ квалитетни, ефикасни и брзи“.

Низ конструктивна дискусија денеска заеднички ги разгледавме моделите за учеството на граѓанскиот сектор во пристапните преговори со Европската Унија – процес кој нè засега сите нас. Блиската соработка меѓу Владата и граѓанското општество ќе биде клучна за процесот на евроинтеграции и обврски и задачите кои произлегуваат од Францускиот предлог, додаде вицепремиерот.

Според него, „важно е да сме на иста страна и преку активно и конструктивно учество заедно да ги надминеме предизвиците со кои се соочуваме“.

Ја имаме можноста Северна Македонија да биде успешна европска приказна. Да не ја пропуштаме, напиша Маричиќ.

Тој смета дека има доволно време да ги завршиме уставните измени до ноември.

Последниот пат кога се менуваше Уставот тоа траеше околу три, четири месеци. Мислам дека пред летото треба да започнеме. Дали ќе биде мај, дали ќе биде јуни, ќе видиме, но пред летото треба да започнеме за да го стигнеме рокот, истакна вицепремиерот Маричиќ.

Тој меѓу другото потенцира дека имаат должност да се обидуваат да ја седнат опозицијата на маса за разговор и стојат отворени за нивни предлози онаму каде што опозицијата има главен збор како да се зајакне нивната улога, но дека не може да се избега од прашањето на уставните измени.

Мислам дека тоа е важно не само за сегашната Влада и сегашната опозиција, тоа е важно за процесот којшто трае долго и надминува мандат на која било влада и состав на Собранието. Битно е ние да ги имаме сите клучни политички фактори на маса. Жал ми е што ВМРО – ДПМНЕ се уште бега, не сака да разговара за ова прашање, а не можеме да избегаме од овие прашања. Дали ќе ги дискутираме сега, за шест месеци, за една година или за две години, тие прашања ќе бидат тука на маса. Искуството со спорот со Грција, ни кажува одлагањето и игнорирањето на проблемите не прави проблемите да исчезнат. Напротив ги прави поголеми и ги прави потешки за решавање по одредено време. Затоа ќе апелираме постојано и до водството на ВМРО – ДПМНЕ, но и до сите пратеници да се вклучат во овој процес, вели Маричиќ.

Во однос на можноста што ја спомна министерот за правда покрај за уставните измени во контекст на евроинтеграцијата, да се отворат и други прашања, вицепремиерот за евроинтеграции вели дека не верува дека министерот сака да наметне нешто, бидејќи со него разговарал на оваа тема, туку смета дека е логично кога се отвора прашањето за уставни измени, да се отворат сите теми коишто потенцијално би биле, да речам, дискутирани за уставните измени.

Лично сметам, а мислам дека тоа е став и на Владата, иако не сме разговарале, дека е логично да се фокусираме на оние обврски коишто произлегуваат од преговарачката рамка. Така имаме најдобри шанси за успех и најдобри шанси да успееме во разумен рок оваа година да ги завршиме уставните измени. Секое дополнително прашање е вредно за разгледување, но не верувам дека сега е вистинското време за тоа зашто ќе земе и повеќе време и повеќе енергија, и ќе го комплицира процесот, вели Маричиќ оставајќи простор за сите прашања да се разговара по завршувањето на овој циклус на уставни измени.

Г. Т.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: вчадаЕУинтеграцииМаричиќопозицијауставни измени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ