„Јас сум убеден дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници и луѓе кои што ќе ја разбираат тежината на ситуацијата, разбираат дека ставањето на својата држава под заложништво, политичко заложништво на водството на ВМРО-ДПМНЕ ќе значи одвојување од Албанија на среден рок, ако не на краток тогаш на среден рок, ставање на Северна Македонија во категорија со Косово и Босна и Херцеговина и дури можеби и на долг рок ставање под прашање на нашата реална можност за евроинтеграција“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „360 степени“.
Тој додаде дека можеби токму и тоа е планот на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи постојат шпекулации дека намерно го прават ова за да отворат пат за други држави и да си отворат пат за себеси да јаваат на бранот на популизмот.
„Јас сум убеден дека постои комуникација на ВМРО-ДПМНЕ со структури во Бугарија и со структури во другите држави од регионот а која е целта на таа комуникација нека објаснат самите“, истакна Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека тој нема дилеми дека ВМРО-ДПМНЕ разговара со политички структури во Бугарија и со политички структури од други држави во регионот.