• Latest
Уништени тенкови кај Мариупол, 3 март 2022 (Wikimedia Commons)

Медиазона, руски независен проект за утврдување на вистинските загуби на руската војска

December 18, 2022

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Медиазона, руски независен проект за утврдување на вистинските загуби на руската војска

Поради сомневањата за вистинските воени загуби на Москва, неколку руски новинари и анонимни доброволци користат вести, фотографии од надгробни споменици и други јавно достапни информации за да го пресметаат рускиот биланс од војната во Украина.

December 18, 2022 15:44
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, МЕДИУМИ, СВЕТ, ТОП 5
Уништени тенкови кај Мариупол, 3 март 2022 (Wikimedia Commons)

Уништени тенкови кај Мариупол, 3 март 2022 (Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Медиазона е независна руска новинска куќа, во соработка со сервисот на Би-Би-Си на руски јазик и десетина анонимни доброволци во Русија, составува список врз основа на информации од извори како написи во весници, фотографии на надгробни споменици, објави на војници кои тагуваат за своите соборци, па дури или дојави од роднини кои сакаат нивните најблиски да бидат вклучени во црниот биланс.

Списокот веќе надмина 10.000 имиња, вклучително и повеќе од 400 Руси кои беа регрутирани во септември и октомври. Само во последните две недели, според најновите податоци на Медиазона, документирана е загубата на 725 руски војници.

Скриншот од Медиазона, 18 декември 2022

„Ако руската влада не ги брои руските жртви, тогаш некој мора да го стори тоа“, изјави за Њујорк Тајмс Дејвид Френкел, еден од четворицата „рудари“ на податоци од Медиазона.

„За нас е важно да им ја објасниме на Русите цената на војната“, додаде тој. „Ако не ги разберат трошоците од сликите на опустошените украински градови, тогаш можеби бројот на загинати Руси ќе ги натера да размислуваат за тоа“ – вели Френкел.

Руската влада грчевито се обидува да го избегне токму тоа – да го соопшти бројот на жртвите од војната што ја започна со инвазијата на Украина на 24 февруари. Русите го ажурираа бројот точно двапати: еднаш на крајот на март и повторно во септември, кога рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, рече дека од почетокот на војната биле убиени 5.937 руски војници.

Генералот Марк А. Мили, Здружен Генералштаб на САД: Руските загуби се далеку повеќе од 100.000 мртви и ранети.

Официјалниот број на убиени војници, на кој инсистира Кремљ, е значително помал од процените на западните воени и разузнавачки експерти. Генералот Марк А. Мили, кој е на чело на американскиот Здружен Генералштаб, на пример, во ноември изјави дека жртвите на Москва бројат „далеку повеќе од 100.000 убиени и ранети руски војници“.

Воените аналитичари имаат различни ставови за проектот. Некои претпочитаат да работат со проценки на вкупниот број загинати, наместо со делови од вкупниот број. Други истакнаа дека работата била особено корисна во идентификувањето на моделите на однесувањето на властите и на директно погодените од воените загуби.

„Проектот е корисна слика на руските дефекти и загуби“, вели Каролина Хирд, руска аналитичарка во Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон. „Знаеме дека руските власти, едноставно, не ги презентираат загубите вистинито.“

Секојдневното следење информации за мртви луѓе е тешко за менталното здравје, велат од тимот на Медиазона. На Литаврин, член на тимот, му се врежало сеќавањето на еден 40-годишен маж кој имал мирен, редовен живот и ќерка, а се пријавил како доброволец во август. Бил убиен само две недели подоцна на бојното поле.

„Се прашував што си мислел човеков“ – вели Литаврин – „Страшно е.“

Подготви: Дескот на ЦивилМедиа


Извор: CivilMedia | Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.

Tags: воени загубивојнаРусијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ