• Latest

Милошески: Сликата за медиумите во Прилеп е повеќе од катастрофална!

August 1, 2017
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Милошески: Сликата за медиумите во Прилеп е повеќе од катастрофална!

August 1, 2017 17:08
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Зоран Милошески, долгогодишен новинар од Прилеп, пред камерата на ЦИВИЛ Медиа зборува за слободата на медиумите во Македонија, за медиумската состојба во Прилеп и за чекорите што треба да се преземат за враќањето на достоинството на професијата.

ЦИВИЛ Медиа: Како би ја оцениле состојбата со медиумите, како на локално, така и на национално ниво?

МИЛОШЕСКИ: Македонското новинарство одамна има еден слободен пад, се движи кон дното. И само што ќе помислиме дека веќе сме го допреле дното, за скоро време, остануваме изненадени и демантирани дека можело да биде уште полошо. Според мене, забрзаниот пад на македонското слободно новинарство започна во моментот на затворањето на А1 телевизија, потоа, продолжи со сè уште неразјаснетото загинување на Никола Младенов, за последниве година-две, веќе да не може да стане збор за слободно новинарство.

Ситуацијата на локално ниво е уште полоша, отколку генералната слика на ниво на држава. Конкретно, во Прилеп не знам дали може да стане збор за новинарството воопшто, а не пак, за слободно новинарство. Освен една локална телевизија, која е целосно под капата на доскорешната партија на власт ВМРО-ДПМНЕ, и на актуелната локална власт, и еден портал кој исто така, го контролира истиот центар, постојат уште два-три портали кои егзистираат од желба и ентуијазам на сопствениците. За жал, морам да констатирам дека сликата за Прилеп и за поширокиот регион, е повеќе од катастрофална.

ЦИВИЛ Медиа: Очекувате ли некакви промени со промената на власта?

МИЛОШЕСКИ: Како што рекле, надежта последна умира. Јас искрено се надевам дека конечно ќе се придвижат работите. За мене, најважно за почеток е да запре падот на новинарството и да почнеме полека да одиме нагоре. Јас гледам желба кај новата власт, постои желба да се стави некаков ред во новинарството. Ред – во смисла да дојде до израз квалитетот и способноста на медиумот. Значи, медиумите да бидат рангирани според квалитетот. Се разбира дека не може да се надеваме и да очекуваме дека било која власт тоа самата ќе го направи. Тука, пред сè, очекувам многу поголем и поактивен ангажман на нас новинарите. Почнувајќи од Здружението на новинари на Македонија, преку останатите медиуми во државата, кои сè уште егзистираат на некаков чудотворен начин, со помош на трикови… Очекувам нивно и наше поактивно вклучување во изнаоѓањето решенија за настанатата ситуација. Значи, според мене, не треба да очекуваме дека власта сега ќе дојде и ќе ни подели пари, мене, вам и на останатите медиуми, туку да се создаде пазар каде ќе се цени слободата, трудот и квалитетот на новинарите. Значи, доволно ќе биде да има правилна распределба на сретствата, ако постои распределба на средства од Владата, на сите според квалитетот.

ЦИВИЛ Медиа: Настрана финансирањето, кои се условите кои треба да се исполнат за да зборуваме за слободно новинарство?

МИЛОШЕСКИ: Тоа е тешко прашање. Ако го знаевме сите одговорот, или ако бевме сите согласни дека постојат еден, два или три услови, веројатно тоа прашање ќе беше малку поодамна решено. Најпрво, власта треба да престане да ги меша прстите во новинарството. Тоа е некоја идеална ситуација која ја нема никаде, нема да биде ни кај нас. Меѓутоа, доволно ќе биде за почеток да запрат сите владини кампањи. Да се укине таа листа на медиуми коишто се подобни, и на другата листа – на неподобни медиуми. Значи, власта да ги тргне рацете настрана од новинарството и да се отвори пазарот за медиумите.

Маја Ивановска

 

Tags: властВМРО-ДПМНЕЗоран МилошескиинтервјуновинарствоПрилепслободни медиумиТВ А1
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ