ДРАГАН МИШЕВ
Премиерот Христијан Мицкоски, кој со повеќечлената делегација престојува во Вашингтон, во рамките на контроверзната Конференција за политичка акција на конзервативците во Вашингтон (CPAC), беше интервјуиран од политичката коментаторка Кеј Ти Мекфарланд, поранешна заменик-советничка за национална безбедност во првиот мандат на претседателот Трамп.
Во контест на мноштвото контрадикторни и лажни тврдења на Мицкоски, кој за цело време на интервјуто државата на која е премиер, наместо со нејзиното име ја нарекуваше мојата земја и мојата татковина, го издвојуваме аналфабетското тврдење на премиерот, кој намерно или ненамерно, или од незнаење и еклатантно непознавање на историјата и културата на Македонија, пред целата американаска, македонска и светска јавност излажа дека првиот универзитет во Европа бил основан токму крај Охридското Езеро, и бил наречен Универзитет „Св. Кирил и Методиј“???, а всушност се работи за т.н. Охридска книжевна школа, формирана во 886 година, поврзан со дејноста на Св. Климент Охридски и Св. Наум Охридски Чудотворец, чии остатоци се лоцирани на Плаошник во Охрид, и е позната како Свети Климентов универзитет.
Очигледно е дека не се работи за лапсус, бидејќи Мицкоски уште еднаш, одговарајќи на прашањето на водителката дали универзитетот во Оксфорд е постар, ќе повтори:
„Не, тоа е универзитетот Св. Кирил и Методиј“.
Христијан, седи кец!