• Latest

Митевска: Мојот филм не дава одговори за дилемите од Смилковско езеро!

January 30, 2017
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Митевска: Мојот филм не дава одговори за дилемите од Смилковско езеро!

January 30, 2017 15:30
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Овој филм не е филм за немилите настани на Смилковско езеро, иако тоа е директната провокација и инспирација за приказната. Потенцираме дека ниту се обидовме да ги реконструираме вистинските настани, ниту да ги портретираме вистинските ликови, ниту пак се обидовме да понудиме сопствена верзија со која би разоткриле што се случувало тој ден“, соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“ која стои зад филмот „Кога денот немаше име“.

По прес-конференцијата на која беше најавено дека новиот филм на режисерката Теона Митевска, ќе учествува на Берлинскиот филмски фестивал, во дел од медиуимте беше објавено дека приказната во филмот е инспирирана од трегичниот настан кај Смилковско езеро.

„Бев емотивно погодена од смртта на четирите млади момчиња, преплашена од леснотијата на злосторството. Се обидов да ги замислам последните 24 часа од животот на некои млади луѓе кои никако не би можеле да претпостават таков ненадеен крај. Се обидов да ја прикажам комплексноста на нашето општествено опкружување, религиозните и етнички тензии, културолошките тенденции, изместениот систем на вредности, но сето тоа, преку измислени ликови. Ова не е фактографска, документаристичка приказна за конкретните момчиња чии млади животи, секако неправедно и несреќно, згаснаа под неразјаснети околности, кои и по судската пресуда, сé уште предизвикуваат недоумици и дилеми – што точно и како точно се случило. Овој филм не нуди одговори на овие прашања. Ова е уметничка визија, фикција, измислена и инспирирана од трагичниот факт дека насилството е присутно, сурово, безмилосно, неоправдано и неоправдливо. Не верувам во насилство, му се противам и реагирам против тоа. Верувам во толеранција, разбирање, почит, еднаквост и правдина и овие вредности се обидувам да ги пренесам во своите филмови“, објаснува во соопштениетот, режисерката Теона Митевска.

Tags: БерлинСмилковско езероТеона Митевскафилмфилмски фестивалЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ