Во рамки на „Зборува Скопје“ на 26 јули во МКЦ ќе се одржи настанот „МКЦ за Скопје“ по повод 55 годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година.
Програмата опфаќа проекции на сите епизоди од култната серија Досие Скопје, во галеријата ќе биде поставена изложбата “RESTART”, а потоа следуваат концерти на Ayuune Sule (Гана), Александар Велики (Македонија), Hornsman Coyote (Србија), Natty Fiyah SS (Македонија) и промоција на нов видео спот на Sethstat & Мирко Попов.
Како што соопштуваат од МКЦ, изложба претставува извесен генерациски пресек, кој го бележи развојот на македонското современо сликарство, во кое се отсликани условите што го предодредиле од неговите почетоци до денес, низ делата од колекцијата на Галеријата ГРАЛ.
Б.Ј.