• Latest

Могерини: Немојте да си играте со оган!

March 7, 2017

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Могерини: Немојте да си играте со оган!

March 7, 2017 12:47
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини, по вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, на кој, меѓу другото, ги информираше за состојбите на Западен Балкан, по нејзината минатонеделна посета на земјите од овој регион, упати силна порака до политичките лидери на Македонија, да не си играат со оган и да не ја туркаат земјата во меѓуетничка конфронтација.

Могерини посочи дека нема да открие детали за тоа што рекол еден или друг министер, на вчерашниот министерски состанок на ЕУ, но истакна дека во општа смисла, сите министри ги поддржуваат силно пораките кои ги искажала при нејзината минатонеделна посета во Македонија, јавно, но и на состаноците со претседателот Иванов и со политичките лидери. Министерката за надворешни работи на ЕУ потенцираше дека овие пораки ги соопштила не само во име на Унијата, туку и во име на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Колку сум загрижена? Загрижена сум, но се обидувам да научам да се движам над грижите и да го видам потенцијалот за решавање на институционалната криза, на политичката криза. Верувам дека тоа со што се соочува Скопје денес, е сè уште политичка и институционална криза. Мојата главна грижа е дека ова се претвора во меѓуетничка криза, а тоа е и главната порака што им ја  пренесов на оние кои имаат политичка одговорност во државата: Немојте да си играте со оган, не го претворајте ова во меѓуетничка конфронтација, која ќе ја уништи земјата и веројатно ќе се прошири и надвор“, порача Могерини на средбата со новинарите во Брисел, која следеше по министерскиот состанок.

Шефицата на европската дипломатија верува дека има инструменти да се направи тоа, апелирајќи пред сè на мудроста на претседателот Иванов, но и на капацитетот на Собранието за да се продолжи, на пример, со изборот на претседателот на Собранието, или со деблокирање на состојбата, со цел, оваа институционална и политичка криза да може да се управува со инструментите кои ги има земјата, без нечие вмешување. „Нормално е дека пријателите се грижат за состојбите и за иднината на партнерите. Значи, ова е тоа каде што сме во моментов; веруваме дека постојат можности да излезе од институционалната криза, ресурсите да се направи тоа во Скопје постојат, и имав многу искрени, но, исто така, и конструктивни размени на мислења за ова со сите политички лидери во Собранието, како и со претседателот. Па, се надевам дека мудроста ќе успее да надвладее“, заклучи Могерини.

Инаку, на средбата со новинарите, таа посочи дека состојбата во сите земји на Западен Балкан станува сложена и со засилени предизвици, а овој дел на Европа, станува терен за големи глобални игри на моќ.

Во четврток првата дипломатка на ЕУ ќе ги презентира нејзините согледувања од минатонеделната турнеја низ земјите на регионот и пред шефовите на државите-членки на ЕУ во Европскиот совет.

Tags: владаЃорѓе ИвановЕУЗападен БалканизјавакризаМакедонијаСобраниеФедерика Могерини
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ