Претставничката на ЕК, Федерика Могерини на почетокот на заедничкото обраќање му се обрати на премиерот Зоран Заев со зборовите „Драг Зоран“ и додаде дека Македонија за само неколку месеци се врати на вистинскиот колосек.
Таа повика сите инволвирани да работат заедно и од власта и од опозицијата.
„Овој пат, овој дух мора да продолжи“, рече Могерини.
Но, Могерини додаде и дека мора уште многу да се работи. Таа рече дека мора да се препознаат приоритетите.
Таа се надева дека набрзо ќе се најде решение за со спорот за името со Грција.
„Пред само осум месеци беше незамисливо да се разговара за преговори, сега сметам дека има услови да се започнат преговорите за добивање на датум за влез во ЕУ“, додаде Могерини.
Премиерот Зоран Заев е оптимист дека Македонија во јуни ќе добие датум за преговори.
Тој побара од Могерини и останатите европски претставници да ни помогнат во напорите да влеземе во ЕУ и НАТО, бидејќи само така ќе може да ги задржиме младите да не ја напуштат државата и да останат да работат и придонесуваат во државата.
Д.Муратов