ВЕСТ НА ДЕНОТ
Граѓанското општество е закана за автократските и десничарските лидери
ЦИВИЛ одржа јавен настан на тема „Црната пропаганда против граѓанското општество“. Учесници на дебатата беа Павле Богоевски, Прогрес институт, Иван Блажевиќ и Марина Шкрабало од Солидарна, Хрватска, Кочо Андоновски, ЛГБТИ Центар при Хелсиншки комитет, Милан Спировски од ЗНМ и Горан Ризаов од Метаморфозис.
„Нападите и црната пропаганда против граѓанското општество во нашата земја имаат долга историја. Невозможно е да се набројат сите примери и начините на кои организациите на граѓанското општество, експертите, активистите за човекови права, интелектуалците, уметниците и новинарите беа и останаа една од главните мети на црната пропаганда“, истакна Џабир Дерала, на почетокот на дебатата на ЦИВИЛ: „Црната пропаганда против граѓанското општество“.
Павле Богоевски на дебатата на ЦИВИЛ, истакна дека невладините организации се омилена мета бидејќи тие се влакното во автократскиот сендвич, нивната положба, дејствувањето како рафиниран глас на групата која ја претставуаваат, и вадењето на тој глас од маргините, ги прави мета.
„Главната мета не се новинарите, туку демократијата и концептот на демократијата. Тие сакаат да го отсечат концептот на демокртатијата кој се темели на човековите права и на концептот на различностите, а не на хомогеноста“, Марина Шкрабало од „Солидарна“, Република Хрватска.
Кочо Андоновски од ЛГБТИ центарот при Хелсиншкиот комитет на дебатата на ЦИВИЛ истанка дека црната пропаганда почна стихијно во 70тите во САД, со Никсон, кога десничарите сфаќаат дека пропагандата можат да ја користат во своја полза.
Горан Ризаов од Метаморфозис, на дебатата на ЦИВИЛ истакна дека тоа што многу загрижува е што од минатата година Метаморфозис стана цел на организиран напад на социјалните мрежи, кој се состои од објава на слики во форма на некролози и повици на насилство.
Милан Спировски од Здружението на новинари на Македонија нагласи дека кај нас притисокот кон новинарите кои се занимаваат со истражувачко новинарство, е намален во однос на периодот пред 2016 година.
Иван Блажевиќ од Зелено-левата коалиција Солидарна од Република Хрватска која извојува победа на локалните избори во Загреб и Томашевиќ стана градоначалник, говореше за црната пропаганда која десничарскиот кандидат Шкоро ја водел против Томашевиќ.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Павле Богоевски на дебатата на ЦИВИЛ: Граѓанските организации се влакното во автократскиот сендвич
Павле Богоевски на дебатата на ЦИВИЛ, истакна дека невладините организации се омилена мета бидејќи тие се влакното во автократскиот сендвич, нивната положба, дејствувањето како рафиниран глас на групата која ја претставуаваат, и вадењето на тој глас од маргините, ги прави мета.
ОДБРАНА
Шекеринска: Се разгледуваат можностите за учество во борбената група на Алијансата во Латвија
Можностите за вклучување на Северна Македонија во т.н. „Зајакнато истурено присуство“ на Алијансата во Латвија, во рамки на словенечкиот контингент, била една од темите на која денеска во Рига разговарале министрите за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска, на Словенија, Матеј Тонин, и на Црна Гора, Оливера Ињац, во рамки на работната посета чиј домаќин бил министерот за одбрана на Латвија, Артис Пабрикс.
„Северна Македонија како посветен и НАТО сојузник, целосно ги поддржува вредностите на Алијансата и цврсто верува во столбот на НАТО – колективната одбрана и подготвеноста заеднички да се гарантира мирот и стабилноста на целата евроатлантска област“, рече министерката Шекеринска при посетата на воената база Адаџа.
ФЛЕШ ВЕСТИ
КОВИД 4 Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска во Владата ја промовира бескаматната кредитна линија „КОВИД 4“.
РЕЗОЛУЦИЈА Резолуцијата поддржана од СДСМ, ДОМ, ЛДП и ДС, а АА и Алтернатива утре ќе излезат со став за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
ЧОВЕКОВИ ПРАВА Над 50 медиумски работници повредени на анти-ЛГБТИ протест во Грузија, се бара истрага за насилството.
ДИВО НАСЕЉЕ Врховниот суд одржи јавна седница за пресудата за „Диво Насеље“ по што одбраната побара од укинување на пресудата и враќање на повторно судење.
МВР Потпишан Протоколот за спроведување нa Спогодбата за преземање на лица кои престојуваат без дозвола.
БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА Висок степен на пријателство и соработка меѓу Северна Македонија и Србија.
ЕКОНОМИЈА Трошоците на животот во јуни годинава, во однос на јуни лани, бележат зголемување од 2.7 отсто, а цените на мало порасначле за 4.0 проценти.
НОВИНАРСКИ ТРУДОВИ СЕММ и ОБСЕ ги доделија најдобрите новинарски трудови со инклузивно известување во време на Ковид-19.
ЗАГАДУВАЊЕ Граѓаните преку масовно онлајн пријавување на загадување ги активираа инспекторите за животна средина.
СЛОВЕНЕЧКО ПРЕТСЕДАВАЊЕ Словенија ќе работи за старт на преговорите со Северна Македонија.
ШАР ПЛАНИНА Се преговара за повлекување на концесионерите за хидроцентрали на Шар Планина.
Ирена Крџиќ