• Latest

Најчевска: Нацрт-стратегијата за реформи е чекор напред и од препораките на Прибе!

September 12, 2017

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Најчевска: Нацрт-стратегијата за реформи е чекор напред и од препораките на Прибе!

September 12, 2017 17:02
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Експертскиот Совет за реформи ја изготви Нацрт-стратегијата за реформи во правосудството со Акционен план, којашто од денеска ѝе достапна на општата јавност за критики и сугестии, но конечниот збор ќе го дадат политичарите, поточно пратениците во парламентот. Според професорката д-р Мирјана Најчевска, правна експертка и членка на Советот, начините на коишто Нацрт-стратегијата треба да биде остварена, зависат од планот на акција.

ЦИВИЛ Медиа: Ќе може ли да се имплементира Нацрт–стратегијата за реформи во правосудството?

НАЈЧЕВСКА: Стратегијата е поставена многу општо и тоа, всушност, беше и намерата, за да може да бидат опфатени што е можно повеќе области, поради општата ситуација со правосудниот систем. Мораше да се дејствува на самите столбови на правосудниот систем, а тоа е независноста, корупцијата, стручноста, меѓусебните односи меѓу одделни делови… Идејата беше врз вака поставените столбови на Стратегијата, понатаму да се развива што е можно подетален план за акција, којшто веќе е во некоја мера поставен. Но, мислам дека главните забелешки, сугестии, коишто би требало и стручњаците и граѓанскиот сектор да ги даваат понатаму, најдобро би било да се однесуваат на Акциониот план, а не на Стратегијата. Бидејќи несомнено е дека она што е во Стратегијата се основните области во коишто треба да се делува, ако нешто е пропуштено, се разбира, дека треба да биде нотирано. Меѓутоа, главните начини на кои што, таа треба да биде остварена, зависат од планот на акција.

ЦИВИЛ Медиа: Ова е документ подготвен од експерти, којшто натаму треба да го прифатат политичарите…

НАЈЧЕВСКА: Секако! Ова е нешто што се нуди, дури и не како некаков оптимум. Дури и експертите, можеби размислуваа во одредени моменти, низ политичката призма во гледање на работите, со цел да не се понудат максимални решенија, коишто во дадените околности, се многу тешко остварливи. Значи, она што го правеа експертите не е самоцензура, туку сведување на стратегиските цели во реалните рамки на актуелната ситуација. Токму затоа, оваа стратегија не е долгорочна, туку среднорочна, а во некои сегменти дури и краткорочна, со цел да се ослободи простор за вистинските натамошни, длабински зафати.

ЦИВИЛ Медиа: Колку Нацрт–стратегијата соодветствува со Препораките на Прибе?

НАЈЧЕВСКА: Сметам дека Нацрт–стратегијата дефинитивно се држеше до тие препораки, дури во одредени области, стручњаците се обидоа да гледаат чекор–два понатаму, значи, да отворат пат за натамошен развој, а не само да ги адресираат проблемите, коишто се наведени од Прибе.

Во голема мера стратегијата се базираше и на „Блупринтот“ којшто го дадоа граѓанските организации што е неверојатно добар знак, односно, се обидуваат стручњаците да ги употребат сите кумулирани забелешки, кумулирано знаење, она што се вика колективен ум, којшто дошол до одредени сознанија за состојбата и за правците во коишто треба понатаму да се оди. Така што, мислам дека во голема мера е одговорено дури и повеќе од она што беа забелешките на Прибе.

Сепак, доколку некои делови не изгледаат толку реформаторски, тоа е само затоа што се сакаше да се даде што е можно пореална нота, што може да се направи, а што не може, во моментов.

ЦИВИЛ Медиа: Во секој случај, поставена е базата за квалитетно правосудство?

НАЈЧЕВСКА: Да! Потребни се и нормативни промени, меѓутоа она што најмногу е потребно, и тоа се гледа и од стратегиските е цели, е промена на праксата. И поради тоа толку внимание им е посветено на судиите, на нивната обука, на истражувања кои што треба да им помогнат и посебно, на Академијата за судии. Зашто, она што најмногу треба да се менува е искористувањето на законите, законското делување, а тоа зависи од човечкиот фактор. Човечкиот фактор не се менува ниту толку брзо, ниту толку лесно. Јас лично, а сметам и голем дел од експертите, бевме против предрастични промени, зашто впрочем, тоа се луѓето што ги имаме. Не можеме да побегнеме од човечкиот материјал со којшто располагаме.

Моника Талеска

Tags: Академија за судиивладаМинистерство за правдаМирјана НајчевскаправосудствоПрибереформиСобраниеСовет за реформисудии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ