Урнисаното македонско правосудството ќе го реформираат професори, претседатели на судови, македонски судијки од меѓународни судови, но не и обвинители
Според факсимилот на документот што прв го објави порталот сдк.мк, кој е потпишан од министерот за правда Биљен Саљији во понеделникот на 17 јули, но засега не е објавен на веб-страницата на Министерството, во новоформираниот Совет за реформа на правосудниот сектор што е дел од Програмата на Владата „3-6-9“, а на чие чело ќе биде министерот, ќе членуваат пет члена од Министерството за правда и 17 надворешни членови.
Меѓу членовите – професори се Борче Давитковски, Љубомир Фрчкоски и Гордан Калајџиев од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Мирјана Најчевска од Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања при УКИМ, Беса Арифи од Правниот факултет – Универзитет на Југоисточна Европа и Мерсим Максути од Тетовскиот државен универзитет.
Од судиите во Советот за реформа ќе членуваат врховниот судија Фаик Арслани, претседателот на Апелациониот суд – Гостивар Шефајет Хајдари, претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини и Илир Сулејмани, претседател на Основниот суд Скопје 2.
Од Уставниот суд на Македонија, членка ќе биде судијката Наташа Габер – Дамјановска од меѓународните судови, Мирјана Лазарова – Трајковска и Маргарита Цаца -Николовска, поранешни судијки на Европскиот суд за човекови права и слободи.
Членови на Советот ќе бидат и претставници од други институции, како претседателот на Здружението на судии Џемаил Саити, Народниот правобранител Иџет Мемети, Државниот правобранител Насер Ајдари и Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет.
Во Советот нема членови обвинители, ниту од Основното, ниту Специјалното јавно обвинителство.
Според документот, во Советот може да бидат ангажирани и странски претставници од Делегацијата на ЕУ, Амбасадата на САД и други.