„Национализам е себично размислување, додека патриот е нешто друго“, вели една прилепчанка на прашањето на ЦИВИЛ Медиа – која е разликата помеѓу национализам и патриотизам?
Прилепчани сметаат дека патриот е човек што си ја сака државата.
„Едно е да си патриот а друго е да си предавник. Не смееме оваа наша златна Библиска земја, да ја продадеме за туѓи интереси, за некој приватен бизнис“, истакна еден граѓанин на Прилеп.
„За да си ја одбраниш нацијата треба да бидеш патриот, ништо повеќе“, додава друг.
Но, имаше и такви кои сметаат дека нема некоја разлика помеѓу патриотизам и национализам и дека треба да има меѓусебно почитување.
Обработка на текст и камера: Дехран Муратов
Новинарка и монтажа: Маја Ивановска
Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.