• Latest

Неделна анализа: Македонија без влада – заробеник на политички игри!

April 10, 2017

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неделна анализа: Македонија без влада – заробеник на политички игри!

April 10, 2017 16:08
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Четири месеци по изборите, Македонија тоне во политички игри, притисоци, хаос… Наместо излез, со нова влада, којашто ќе го исчисти криминалот и корупцијата во државниот апарат, таа ја живее најкомплексната политичка криза од осамостојувањето во 1991 година. Државата, институциите и граѓаните се заробеници на потезите на политичарите.

Клучна улога и натаму има претседателот Ѓорге Иванов, којшто остана верен на нему блиската ВМРО-ДПМНЕ и на лидерот Никола Груевски, па според толкувањата на бројни експерти за Уставот, противуставно одбива да го даде мандатот на парламентарното мнозинство. За Иванов не е доволно тоа што од вкупно 120, мнозинството од 67 пратеници од СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците се согласни да формираат нова влада. Тој и натаму е дециден во ставот дека ова мнозинство ќе ја имплементира т.н. Тиранска платформа, којашто според неговото тврдење го загрозува унитарниот карактер на државата и е сериозна опасност за опстанокот на Македонија, во постоечките граници.

Во Собранието нова епизода од конститутивната седница

Како според однапред напишано сценарио, се одвива секое продолжение на конститутивната седница во парламентот, со низа реплики од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, коишто свесно се обидуваат да го пролонгираат изборот на нов претседател, заменик претседател, членови и заменици на Комисијата за прашања за избори и именувања.

Од ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат перманентно обвинувања дека СДСМ планира пуч во Собранието, со кршење на Деловникот, со спречување на пратениците и со прекин на дебатите за т.н. Тиранска платформа.

Од СДСМ најавуваат дека и покрај ваквите деструктивни чекори на ВМРО-ДПМНЕ, наскоро успешно ќе заврши и конститутивната седница, а Македонија ќе добие конечно нова влада, којашто ќе отвори нова страница од македонската демократија и прогрес.

Пораки за „готовс“ доаѓаат од „За заедничка Македонија“

На политичката сцена во Македонија и натаму значајна улога игра лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, којшто ја заострува реториката. Тој јасно порача: „Доколку СДСМ се обиде, спротивно на Деловникот, да избере претседател на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ остро ќе реагира. Доколку СДСМ влезе во сценарио на недемократско и неделовничко однесување, треба да се очекува дека народот во Македонија, ќе има сериозна реакција“.

Од СДСМ пак порачуваат „опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од насилство врз парламентарното мнозинство. Не може неколкумина криминалци од врвот на ВМРО-ДПМНЕ  да ги доведуваат во ризик интересите на граѓаните  и државата. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ да се повлече од провокации, од разгорување на етнички тензии и омраза. Многу брзо ќе биде избран новиот собраниски претседател, а потоа, и новата реформска влада на граѓаните на унитарна Македонија.“

Пораки за „готовс“ и масовни протести испратија и организаторите на протестите „За заедничка Македонија“. Наредните неколку денови ги оценија за клучни,  најавија интензивирање на протестните маршеви, преку коишто бараат отфрлање на т.н Тиранска платформа и зачувување на унитарноста на државата.

Меѓународната заедница со јасен став: нов спикер и влада без одложување! 

Нов собраниски спикер и формирање нова влада базирана на парламентарното мнозинство, очекува Европската унија. Денеска стигнаа јасни пораки и од портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ. ЕУ порачува – „сите политички лидери и институции во Македонија, да дозволат да се одвива демократскиот процес“.

Моника Талеска

Tags: „Алијанса за Албанците„За заедничка Македонија“БесаВМРО-ДПМНЕДУИЃорге ИвановНеделна анализаполитичка кризаСДСМСобраниетиранска платформаТрајко Вељановски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ