• Latest

Нема ништо поважно од власта, макар и локална

September 16, 2021
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ТОП 5

Нема ништо поважно од власта, макар и локална

September 16, 2021 14:58
in ТОП 5, ЦИТАТИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Македонската плурална практика покажа дека нема ништо поважно од власта, макар била таа и локална. И таму има буџети, тендери, профити, кадровски монополи. Секако, има и чесност и посветеност. Но, генерално, мошне е мала довербата кај граѓаните во функционерите, па и овој пат, како и порано, изборот ќе паѓа главно за оние кандидати зад кои силно ќе притиснат моќните партии. И за оние нови и понепознати ликови кои кај партиски неопределените гласачи, а таквите се сè побројни, во предизборието ќе остават впечаток дека совесно ќе си ги извршуваат обврските што им ги налагаат функциите.

Како што отсега се навестува, овој претстоен циклус, локалните избори закажани за 17-ти октомври, на тестот избори, ќе се полага на неколку прашања. Прво, колку граѓаните ќе пројават интерес да излезат на гласање, поточно колку сè уште имаат доверба во експонентите на плуралната демократија, и второ, каков ќе биде нивниот избор, односно, колку гласачите станаа отпорни на лагите, манипулациите, нереалните ветувања. А колку созреале за рационални просуди од понуденото да го изберат најнадежното. Ова посебно, бидејќи на овие избори не се решава за името на државата, на пример, туку за животот во градот, населбата, квартот, маалото.

Но она што годинешниве локални ги прави посебно уникатни и атрактивни е предизвикот предизвикан од не така малиот број граѓански активисти кои рамо до рамо  со политичките партии застанаа на стартната линија во трката за локална власт. Истопорени се десетици независни советнички листи. Тие им ја фрлија ракавицата и на партиите и на граѓаните, но пред сè, на самите себе.“

Извадок од анализата на Зоран Иванов “Локални избори 2021: Граѓанските активисти наспроти партиската клиентела“.

Објавено на ЦИВИЛ Медиа, на 4 септември 2021.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ