Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе учествува на вториот состанок во проширен состав на министрите за надворешни работи од Балканот и Вишеградската група, што ќе се одржи на 10 и 11 мај, 2018 година, во местото Сунио, во близина на Атина.
Покрај стандардниот формат од минатата година во Будимпешта, каде учествуваа министрите за надворешни работи на четирите земји членки на ЕУ од Балканот – Грција, Република Бугарија, Република Хрватска и Република Романија, плус Република Словенија, за прв пат се поканити и земјите – кандидати од овој регион – Република Албанија, Република Македонија, Република Србија и Црна Гора, плус Босна и Херцеговина.
Главната дискусија на состанокот е насловена „Иднината на Европа и проширувањето на Европската унија”, на која се очекува воведни излагањa и свои видувања да изнесат проминентни академици и експерти. Исто така, министрите ќе имаат прилика да се осврнат и на прашањето околу енергетската безбедност и нејзиното значење за регионалната и меѓу-регионалната соработка.
А.П.