• Latest

Николовски: Новиот предлог-закон за тутун наскоро на јавна расправа

February 21, 2018
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Николовски: Новиот предлог-закон за тутун наскоро на јавна расправа

February 21, 2018 06:47
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Новиот закон за тутун е во завршна фаза и деновиве ќе се обликува предлог-текстот кој веднаш ќе се најде на јавна расправа, изјави министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вечерва во Прилеп на трибина со тутунопроизводителите и откупувачите.

Според Николоски годинешната реколта била одлична со просечна цена од 217,5 денари, која донесе и нови повисоки субвенции.

– Реколтата е многу квалитетна и затоа просечната цена од 217,5 денари е највисока. Со владината уредба ќе се исплатат и повисоки субвенции, односно 80 денари за прва, 70 за втора, 60 денари за трета класа. Во Македонија се над 23.000 семејства кои егзистираат од тутунопроизводството. Политиката на владата е да стимулира квалитетно производство. Овој начин на стимулирање го најавуваме и во млекопроизводството, па и во другите сфери. Инаку, тутутнот обезбедува приход од извозот од над 100 милиони евра, рече Николовски.

Новите одредби во Законот за тутун ќе ги регулира односите, а претстојат разговорите со засегнатите страни околу намалувањето на разликите по класи.

– За неколку дена ќе се затвори предлог-текстот на Законот по што јавноста ќе го има на увид за да може да се даваат забелешки и коментари наредните 20 дена, по што ќе влезе во владина процедура. Предвидено е укинување на евидентните листови. Со индустријата и со здруженијата ја отвориме темата за укинувањето на 4-та класа, но тоа не беше прифатено од ниту една страна. Засега останува  како што е регулирано. Со засегнатите страни ќе разговараме и за големата разлика по цени меѓу класите, рече Николовски.

Што се однесува до пренамена на површините со тутун со други култури,  добиен е проект од неколку милиони евра.

– Очекуваме да дојдат консултатни од Шпанија и да ги почнеме за имплементацијата на проектот за придобивките за граѓаните. Тутунопроизводството е традиционално во Македонија и заслужува посебно внимание во разговорите со Светската здравствена организација и со ЕУ зашто имаме 23.000 фамилии кои го произведуваат, а од друга страна го мотивираме квалитетното производство, изјави Николовски.

Министерот за земјоделство потсети дека по промоцијата на новиот проект за мали, нискотрошковни, екосистеми за наводнување кој предвидува 1,6 милиони евра за изработка на 6 до 8 физибилити студии за мали системи за наводнување и три милиони евра за рехабилитација на постојни или изграба на нови системи, во март ќе биде објавен меѓународен тендер за проектот Јужновардарска долина.

– Проектот чини 20 милиони евра, а започнуваме со изградба на браната Коњско која тежи 40 милиони евра. Владата ме овласти да го потпишам меморандумот за соработка со Република Турција за водите зашто имаме договорено изработка на физибилити студии за 5 системи за наводнување, рече Николовски.

Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски смета дека е многу битно што тутунарите се стимулирани со повисоки субвенции што пак ќе влијае на локалната економија.

– Прилепскиот е најголем тутунопроизводствен регион и повисоките субвенции се во вистински момент кога на тутунарите им се најголеми трошоцијте за новата реколта тутун. Освен тоа ќе има поголем прилив на пари во локалната економија, зашто доброплатената реколта влијае на зашивување на чаршијата, на трговскиот промет, рече Јованоски.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: законМинистерство за земјоделиеНиколовскиПрилептрибина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ