• Latest

Нимиц за Euronews: Разговараме за името на државата и тоа не треба да влијае на идентитетот

February 3, 2018

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Нимиц за Euronews: Разговараме за името на државата и тоа не треба да влијае на идентитетот

February 3, 2018 12:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мислам дека прашањето за идентитетот е многу важна тема за вашиот северниот сосед, а преговорите се водат за името на државата, вели медијаторот Метју Нимиц, во интервју за Euronews на грчки јазик.

– Прашањата за кои што се преговара се поврзани со името на државата. Името на државата, решавањето на ова прашање за името на државата, не треба да влијае на идентитетот на граѓаните. Јас верувам дека е можно решение кое ќе биде задоволително и за двете земји, вели Нимиц во интервјуто.

Во однос на написите во медиумите за ГорнаМакедонија и НоваМакедонија како прифатливи решенија за Атина и Скопје соодветно, медијаторот, како што јавува дописникот на МИА од Атина, вели дека и тој ги прочитал овие текстови и коментари, но објаснува дека разговорите сѐ уште се водат за прашањето за одредницата.

– Раководствата сѐ уште дискутираат за прашањето за одредницата и која би била најдобра. Вистина е дека во мојот предлог постојат пет опции. Исто така реков дека  овие пет предлози не исклучуваат можност другите страни да достават идеи, вели Нимиц.

Според медијаторот, сега е соодветно време за решение, а во однос на најлошото сценарио, да не се постигне договор сега, вели дека „времето не е на наша страна“, затоа што за 2 години ситуацијата и во двете земји може да биде различна.

– Ситуациите се менуваат, владите се менуваат, не знаеме која ќе биде владата во Грција за две години. Не знаеме која ќе биде владата во Скопје, не знаеме каква ќе биде ситуацијата во регионот. Може да се случат различни настани што ќе ја отежнат ситуацијата, во иднина да ја направат посложена ситуацијата за да се најде решение, објаснува медијаторот во интервјуто, пренесува МИА.

Метју Нимиц во интервјуто за Euronews, вели дека не може да одреди конечен краен рок за решение, бидејќи е медијатор, ниту пак може едната на другата страна да и достави ултиматум

– Но, верувам дека постои прозорец за можност и двете страни препознаваат дека е соодветен момент за да го решиме прашањето, посочува Нимиц.

За референдумот во Македонија, медијаторот вели дека е „нивно прашање, како ќе решат да го ратификуваат договорот “. А со сличен став е и во однос на прашањата поврзани со Уставот, за кои вели дека се поврзани со методологијата како да се одобри или усвои нешто. Додава дека тоа се однесува на двете инволвирани страни, не е работа на медијаторот да им кажува на Скопје и Атина „како да функционираат Уставот и парламентот“.

[divide]

Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаимеинтервјуМакедонијаНимицспор
Share8TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ