• Latest

Неопходна е повисока свесност на новинарите за заштитата на личните податоци

April 12, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неопходна е повисока свесност на новинарите за заштитата на личните податоци

April 12, 2017 14:10
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарите главно имаат елементарни познавања за заштитата на личните податоци во сториите што ги објавуваат, врз основа на нивната практика. Многу ретко консултираат законска регулатива што, колку, и во кој случај смеат да објавуваат лични податоци, а притоа да не ги загрозат основните човекови права. Недостасува многу знаење и едукација на оваа тема, а свесноста на новинарите е правопорпоционална со нивото на нивни општи знаења. Ова се констатациите од денешната дебата на тема „Зголемување на јавната свест за заштита на личните податоци и медиумите“ што се одржа во ЕУ Инфо-центарот.

Според Драган Антоновски, претседател на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), заштитата на личните податоци во медиумите е една од битните алки на она што значи професионално новинарство.

„Ова е едно од честите прекршувања на новинарските стандарди и начела. Апсолутна поддршка за овој проект, зашто на сите, и на граѓаните и на политичарите, им е потребно да знаат дека професијата – новинар, е известување кое што се одработува според стандарди, а не според волјата и порачките на политичките и бизнис-елити. Така што сè ова, можам да го врамам во она што значи медиумска писменост којашто ни е потребна на сите. Дефинитивно, за граѓаните да бидат во вистинска смисла информирани за сè што се случува во општеството и за да може нормално да одлучуваат што понатаму“, изјави Антоновски.

Тој ја акцентираше потреба од итни реформи во медиумите, доколку општеството има потреба од точни и вистинити информации.

„Во овој момент, политичките елити се фокусирани на тоа кој да дојде на власт. Меѓутоа, нас медиумите, нè засега единствено тоа што треба да ја пренесеме реалната слика за состојбите во Македонија, зашто се наоѓаме на дното на скалилото за професионални медиуми“, заклучува Антоновски.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани вели дека, ако се формира влада од актуелното мнозинство во парламентот, можни се реформи во медиумите, а новинарскиот еснаф ќе врши силен притисок да се врати професионалното новинарство на сцена.

„Ние како Здружение на новинарите, не одбиваме да зборуваме за одговорноста на медиумите за нивната работа, најпрво инсистираме да ја гарантираме слободата на медиумите што во Македонија недостасува, па потоа, да зборуваме за одговорноста на новинарите и медиумите. Затоа што, да зборуваш за одговорноста на медиумите, во услови кога тие се контролирани и под огромен бизнис и политички притисок, е еднакво на барање одговорност за слободата на еден заробеник. Всушност, ние во Македонија, изгледа не сакаме да се соочиме со вистината дека оваа земја е киднапирана, дека немаме демократија и немаме слобода на медиумите. Кога ќе го решиме прашањето, мислам дека ќе биде многу лесно да се адресираат другите прашања што ги вознемируваат разните сектори на општеството“, поентира Селмани.

Љубица Пендароска, експерт на полето на заштитата на лични податоци и медиумите, презентирајќи го истражувањето „Медиумската свест и практика за правото на заштита на личните податоци и слободниот пристап до информации во Република Македонија“, реализиран од ИПА ТАИБ 2012 програмата на Европската унија, со поддршка на Дирекцијата за заштита на личните податоци, истакна дека на новинарите во медиумите, им недостигаат теоретски знаења за темата.

„За правото на заштита на лични податоци, имаат доволно информација – 48 отсто анкетирани. Медиумските работници не секогаш консултираат надлежни органи, за да одлучат дали треба или не треба да се објават одредени податоци, доколку се од јавен интерес. Од друга страна, постои поврзаност меѓу општите знаења на медиумските работници со нивото на свесност за примена на ова човеково право, и тоа – правопропорционално“, оценува Пендароска, врз основа на резултатите добиени од анонимниот прашалник со 33 прашања, што го одговориле 113 медиумски работници.

Моника Талеска

 

 

 

 

 

Tags: АнтоновскидебатаЕУЕУ Инфо центарЗНМИПА ТАИБ 2012истражувањеПендаровскаселманиСЕММ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ