• Latest
Фото: МИА

Новиот владин состав утре пред пратениците – Муртезани: За разлика од ДУИ, не сакаме да бидеме „европејци“ само на хартија

June 17, 2024
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Новиот владин состав утре пред пратениците – Муртезани: За разлика од ДУИ, не сакаме да бидеме „европејци“ само на хартија

June 17, 2024 13:54
in ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Новиот владин состав е веќе подготвен да биде „аминуван“ од пратениците, додека програмата за идната влада се очекува да биде доставена утре во Собрание и изгласан следниот викенд.

Кандидатите за членови на владата од коалицијата „Твоја Македонија“ синоќа ги потврди извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ при што ќе има 15 членови, од кои тројца вицепремиери, кадри од коалицијата ВЛЕН ќе раководат со пет министерства и ќе имаат вицепремиерско место, додека со два министри ќе раководи партијата ЗНАМ – За нашата Македонија.

Муртезани: Не сакаме само декларативно да се претставуваме како „европејци“

Портпаролот на партијата „Алтернатива“, воедно и кандидатот за министер за европски прашања од ова партија Орхан Муртезани за ЦИВИЛ Медиа вели дека коалицијата „ВЛЕН“ во идната влада ќе раководи со важни ресори бидејќи, како што истакнува, понекогаш едно министерство или институција што работи ефикасно е подобро од 10 министерства.

„ВЛЕН во преговорите за распределба на ресорите се водел од нашите програмски принципи, затоа што тргнуваме од принципот дека понекогаш едно министерство или институција што работи ефикасно и е во служба на граѓаните е подобро од 10 министерства, чие раководство злоупотребуваше за лични интереси и политичка корупција, како што се случуваше досега. ВЛЕН ќе управува со исклучително важни институции  испреговарани во исклучително сложено политичко опкружување“, рече Муртезани.

Тој понатаму вели дека не смее да се занемари фактот дека пред себе имаат партија која поради неодговорното и корумпирано владеење на ДУИ, нивниот бојкот во вториот круг од претседателските избори, освои 58 пратеници.

„За разлика од ДУИ, ние не сакаме само декларативно да се претставуваме како „европејци“, додека со антиевропски политики и однесување да придонесуваме партија од македонскиот блок да освои 61 пратеник на следните избори. Сега е време за мудри движења и политики кои ќе обезбедат сигурна иднина за Албанците и за сите граѓани на Северна Македонија“, кажа за ЦИВИЛ Медиа, потпаролот на партијата „Алтернатива“, Орхан Муртезани.

Што доби „ВЛЕН“

Коалицијата „ВЛЕН“ која на последните парламентарни избори освои 107 илјади гласови или 14 пратеници, во Владата на мандатарот Христијан Мицкоски ќе раководи со 5 министерства и 7 заменици министри и неколку државни секретари.

Како што беше соопштено во изминатите денови, Алтернатива која е дел од коалцијата „ВЛЕН“ го предлага Орхан Муртезани, за министер за европски прашања. Движењето Беса го предлага Фатмир Лимани за министер за социјална политика, демографија и млади, а Бесар Дурмиши за министер за економија и труд. Арбен Таравари од Алијанса за Албанците е кандидат за министер за здравство, а Изет Меџити, претседателот на Демократското движење – вицепремиер и министер за животна средина.

Според медиумите, ВЛЕН ќе ракововоди и со неколку важни државни институции како што се МЕПСО, Управата за финансиско разузнавање, Агенцијата за странски инвестиции, енергетски ресурси, Филхармонија, Македонска пошта, Фондот за осигурување на депозити и уште неколку десетици други институции.

Кои се имињата кои ќе бидат доставени од мандатарот Мицкоски до Собранието?

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера на седници ги утврди кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и мандатор на идната Влада, денеска на прес-конференција ги соопшти имињата на новите министри што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ во новиот владин состав. Како што соопшти Мицкоски, највисоките партиски тела на ВМРО-ДПМНЕ предлагаат: министер за одбрана да биде Владо Мисајловски, министерка за финансии Гордана Димитриевска-Кочовска, министер за внатрешни работи да биде Панче Тошковски, за надворешни работи Тимчо Муцунски, а за транспорт и врски потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој ќе биде и вицерпемиер. Министер за Локална самоуправа, Златко Перински. Сања Божиновска е предложена да го води новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, а Весна Јаневска да биде министерка за образование и наука. За министер во Министерството за дигитална транзиција се предлага Стефан Андоновски, во Земјоделство – Цветан Трипуновски, во Култура и туризам – актерот Зоран Љутков, во новото министерство за спорт министер да биде Борко Ристовски, а Љупчо Димовски од Социјалистичката партија да биде министер без ресор, задолжен за политички систем, Иван Стоилковиќ заменик претседател на владата задолжен за ресорот Однос со заедниците и Шабан Салиу министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите. Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема доверба и полагам голема надеж.

„Доаѓаат убави времиња за државата и народот“ истакна Мицкоски.

Тој рече дека гласањето за новата влада очекува да биде во текот на следниот викенд 22-23 јуни.

Движење ЗНАМ во Влада со Игор Филков и Горан Минчев

Игор Филков, роден во 1979 година, е кандидат на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија за министер за правда, а Горан Минчев (1972) е кандидат за министер за јавна администрација. Имињата за членови на новата влада од партијата на Максим Димитриевски беа утврдени на седница на партискиот Централен одбор, а потоа на прес-конференција ги соопшти Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.

Тој кажа дека преговорите со коалициските партнери во идната влада продолжуваат и за две заменик министерски места, но дека тие се уште не се дефинирани. Исто така, ЗНАМ ќе преговара и за позиции во третиот ешалон односно за директорски функции.

Адеми: Охридскиот договор во рацете на Србин со путинистички убедувања! 

Потпретседателот на ДУИ, Арбр Адеми, чија партија поради како што велат „легитимитетот“ го оспорува учеството на коалицијата ВЛЕН во Владата реагираше на име кое го спомена мандатарот Христијан Мицкоски при откривањето на предлозите за министри во идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.

“Охридскиот договор за прв пат по 2001 година во рацете на Србин со путинистички убедувања! Промената штотуку започна!“, напиша Адеми на Фејсбук.

Името што ќе биде предложено да биде министер кој ќе го води Министерството за односи меѓу заедниците е Иван Стоилковиќ.

Иван Стоилковиќ е претседател на Демократската партија на Србите, дел од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, додека мандатарот Мицкоски при презентацијата рече дека ќе биде и еден од вицепремиерите во Владата.

Постетуваме дека прв закон усвоен по конституирањето на новиот парламентарен состав беше за реорганизација на владата (измени и дополнувања на Законот за организација и работа на органите на државната управа) донесен на 8 јуни, со што се создадоа услови за формирање на новата влада.

Со новиот закон бројот на министерства се зголемува од 16 на 20 бидејќи се воведуваат нови: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини; Министерство за спорт; Министерство за дигитална трансформација и Министерство за европски прашања – кое досега беше на ниво на секретаријат.

Законот за реорганизација на министерствата беше донесен во 2 часот и 30 минути наутро со гласовите на ДУИ, а не на Европскиот Фронт, односно без оние на Алијансата на Зиадин Села. Од изјавите дека Албанците се дефакторизираат со овој закон, Европскиот фронт стигна до тоа да го гласаат законот, а за возврат добија ад-хок комисија.  Во однос на гласањето на овој закон од страна на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ го оквалификуваше како градење на консензус, без никакви услови.

Албанската опозиција поддршката на овој закон ја гледа како интерес за влез во владата. Во меѓувреме, Изет Меџити од ВЛЕН го нарекува очајничко, образложението на ДУИ за формирање привремена парламентарна комисија за следење на правична етничка застапеност во органите на извршната власт

Назми Абдурахмани

Tags: ВЛЕНВМРО - ДПМНЕДУИОрхан Муртезани
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ