• Latest

ОБСЕ/ОДИХР: Сомневања за злоупотреба на 2,5 милиони ливчиња на референдумот!

April 18, 2017
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ОБСЕ/ОДИХР: Сомневања за злоупотреба на 2,5 милиони ливчиња на референдумот!

April 18, 2017 14:22
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Со резултатите на референдумот, се оствари замислата на  Реџеп Тајип Ердоган, претседателот да добие поголеми овластувања со кои речиси апсолутно ќе може да владее со Турција, предизвика големи реакции, како во домашната јавност, така и од меѓународната заедница.

Со победата од 51,41 % од гласовите, наспроти 48,59%, граѓан(к)ите на Турција избраа дека со уставни измени, на претседателот на државата треба да му се зголемат ингеренциите. Сепак, постојат голем број на сомневања дека и оваа мал предност која ја доби претседателот на Турција Ердоган, не е реална, односно, дека е добиена со прекршување на законите.

Главната опозициска сила во Турција, Народно-републиканската партија најави дека ќе и достави на Државната изборна комисија барање за поништување на референдумот.

Адвокатската комора на Турција смета дека одлуката на Високата изборна комисија, на референдумот во неделата, во последен момент, да се прифаќаат гласачки ливчиња без печат, е јавно нарушување на законот и можело да влијае врз резултатите.

„Со такво незаконско решение членовите на изборните комисии биле доведени во ситуација да сметаат дека е правилно да прифатат гласачки ливчиња на кои нема печат“, се вели во соопштението на Адвокатската комора.

И Европската комисија денеска ја повика Турција да се испитаат „наводните нерегуларности“ на референдумот за уставните измени.

„Апелираме до турските власти многу внимателно да се разгледаат следните чекори и да бараат најширок можен национален консензус по референдумот. Ги повикуваме властите да започнат транспарентна истрага за овие наводни нерегуларности“, изјави портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас.

 

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР оцени дека референдумот во Турција се одржал во нефер услови и двете страни во кампањата немале еднакви можности.

Во заедничкото соопштение на ОБСЕ/ОДИХР и на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) се вели дека референдумот се одржал во политички амбиент во кој основните слободи кои се од суштинско значење за вистински демократски процес се прекинати во рамките на вонредна состојба во државата.

Надзорот на набљудувачката мисија покажал дека кампањата која ги поддржувала уставните промени доминирала во медиумите. Тоа, заедно со притисоците и со затворањето на медиумите, како и со апсењето на новинарите, придонело гласачите да не можат да ја видат пошироката слика.

„Неправилностите на референдумот во Турција може да го променат резултатот од гласањето“, изјави Алев Корун, австриски член на европската мисија набљудувачи од ПССЕ. „Постојат сомневања дека 2,5 милиони гласачки ливчиња се злоупотребени!“, изјави Корун.

И покрај референдумот во Турција, кој ќе му даде огромни овластувања на претседателот, таа не треба да го напушти НАТО, смета германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел.

Резултатите предизвикаа и протести во Истанбул, Анкара и Измир, трите најголеми градови во Турција каде мнозинството на граѓан(к)и беа против уставни измени.

„Кога им стана јасно дека ќе бидат поразени, поддржувачите на Ердоган, ги сменија правилата и ги прогласија за валидни ливчињата кои немаа печат“, „Крадеа гласови од нас! Гласањето не е законски спроведено“, „Револтирани сме од изборната комисија“, „Го прекршија Членот 98 од Законикот за избори, и тоа отворено“, се ставовите на турските граѓаникои денеска протестираат.

На референдумот имаше можност да се изјасни и турската дијаспора од која Ердоган доби голема поддршка. Дури 63,07% од Турците кои живеат во Германија, гласаа позитивно. Тој процент е поголем од 70% во Холандија, Австрија и Белгија. Во Франција за уставни измени беа 64,85%!

Како што беше и очекувано, Ердоган не ги прифати оценките на меѓународната заедница за тоа како се спроведе референдумот во Турција. Тој, пред маса поддржувачи кои заедно со него ја славеа победата, кажа дека набљудувачите од странство „треба да си го знаат местото“, како и дека Турција не ги признава критиките дека гласањето не било според меѓународните стандарди.

Турскиот премиер рече дека Турција ќе седне на разговори но и дека Анкара би можела да организира референдум и за членство на земјата во Европската унија. „За 54 години, што нѐ натераа да правиме пред портите на ЕУ? Да чекаме!“, рече Ердоган. .

Во меѓувреме, владата во Анкара по трет пат ја продолжи вонредната состојба, за уште три месеци, по ланскиот неуспешен обид за воен преврат.

Tags: Ердоганизборни нерегуларностикампањаОБСЕовластувањаПротестПССЕреферендумтурција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ