Првостепениот суд во Солун го одложил рочиштето на поранешниот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски и вработениот во УБК, Никола Бошкоски, за вторник поради недостиг на преведувач од грчки јазик на македонски јазик.Пред три дена Грујевски и Бошковски беа уапсени на аеродромот во Солун. Ги издале фалсификуваните пасоши кои не биле изработени добро, а оттаму тие планирале да заминат во Будимпешта.
Македонските служби веќе покренаа постапка за екстрадиција, а дел од грчките медиуми пишуваа дека екс функционерот и вработениот во УБК може да бидат депортирани во државата кон крајот на ноември или на почетокот на декември.
Специјалното јавно обвинителство ги гони за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување.
Од македонска страна постапката ќе ја води Министерството за правда кое вчера од МВР го добила известувањето од Интерпол, Атина, за Бошкоски и Грујевски, кои се бараа со меѓународна потерница.
Основен суд Скопје 1, по налог на Министерството за правда, ја подготвува документацијата за барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошковски.