ВЕСТ НА ДЕНОТ
Владата го одобри договорот за изградба на коридорите 8 и 10д
На предлог на Комитетот за преговори за изградба на Коридорот 8 и 10 д, Владата го одобри договорот за изградба на планираните четири автопатски делници на овие коридори, информираше Кабинетот на вицепремиерот Артан Груби. Одобрувањето на договорот за изградба на Коридорот 8 и 10д доаѓа по четиринеделните преговори кои се водеа меѓу консултантот за финансиски трансакции на Владата, ИРД, и меѓународниот конзорциум „Бехтел Енка“.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Османи: Ако до ноември не ги усвоиме уставните измени ќе се соочиме со неизвеност во евроинтеграциите
Ако до ноември не ги усвоиме уставните измени ќе се соочиме со одлагање на евроинтеграцијата ќе влеземе во нова неизвесност заради тоа што ќе го испуштиме актуелниот момент кога заради војната во Украина и ризиците што доаѓаат од Русија, Европската Унија гледа на проширувањето како на инструмент за долгорочна европска безбедност, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Брутална егзекуција на невооружен украински војник Потресна видео снимка од брутална и ладнокрвна егзекуција на невооружен украински војник што веројатно ја спроведуваат припадници на руските окупаторски сили, се појави на социјалните мрежи на 6 март
Цивилни жртви во војната во Украина Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН забележа 21.793 цивилни жртви во Украина – 8.173 убиени и 13.620 повредени – од 24 февруари 2022 година, што го означи почетокот на големиот вооружен напад од страна на Руската Федерација, до 5 март. 2023 година.
Вратени украински деца од РФ Вкупно 307 деца се вратени од териториите кои се привремено окупирани од Русија на територијата контролирана од Украина, објави на Телеграм украинскиот омбудсман Дмитро Лубинец , пренесува Укринформ.
Украинскиот град Маринка срамнет со земја Украинското Министерство за надворешни работи објави на Твитер две слики од градот Маринка во источниот регион Доњецк во Украина. Министерството напиша дека градот е срамнет со земја. Новинската агенција АП објави фотографии од украинскиот град Маринка направени со дрон на кои се гледаат слични сцени. Артем Шус, началникот на полицијата во Маринка, рече дека неговиот град е уништен.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ИСТРАГА ПО ДВОЈНОТО УБИСТВО ВО СКОПЈЕ Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска издаде повеќе наредби во насока на расчистување на синоќешниот оружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија, во кој две лица беа лишени од живот, а едно беше повредено.
САМИТ НА БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС ВО ТИРАНА На 16 октомври Тирана ќе биде домаќин на следниот самит на Берлинскиот процес. Веста ја соопшти германскиот канцелар Олаф Шолц на заедничката прес-конференција во Берлин, со албанскиот премиер Еди Рама. Тој додаде дека Западен Балкан и неговата интеграција во Европската унија се многу важни.
ПРАТЕНИЧКИТЕ БАРААТ ЗАКОН ЗА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА Закон со којшто ќе се казнува говорот на омраза ќе бараат пратеничките во Собранието откако во јавноста се почесто се искажуваат навреди, дисквалификации, дискриминација и омаловажувања не само кон нив, туку воопшто кон жените. Ова ќе биде еден од заклучоците што треба да бидат усвоени на седницата на 8 Март во Собранието на која ќе се дискутира за напредокот на родовите прашања во изминатите дваесет години, откако постои и Клубот на пратенички.
ПОВТОРНО АКТИВИРАЊЕ НА СТРУКТУРИ НА ДУИ ВО ЧАИР Првиот вицепремиер за односи меѓу заедниците Артан Груби преку својот Фејсбук профил упати честитка до шефот на дипломатијата Бујар Османи за именувањето за „координатор на чаирскиот огранокот на партијата“.
СВЕТ
САД Белата куќа соопшти дека истрагата за труењето на ученички во Иран може да им се довери на Обединетите нации.
ФРАНЦИЈА Синдикатите во Франција денеска ќе организираат нови демонстрации и штрајкови во акција против пензиските реформи, кои се очекува да бидат меѓу најмасовните од почетокот на протестите во средината на јануари.
ГРЦИЈА Железничката несреќа со 57 жртви е главната причина одбележувањето на утрешниот Меѓународен ден на жената, синдикатите во Грција да го претворат во 24-часовен штрајк со закажани низа протести.
ГРАЃАНСКА ПРИЈАВА
Полициска контрола за неносење ковид-маски, 17 револтирани патници казнети, за правното лице нема информации
Според пријава од една граѓанка до ЦИВИЛ, на 27 февруари, околу 16 часот, на наплатната станица во Гостивар, полициска патрола го стопирала минибусот на фирмата Вапчаре кој превезувал патници Скопје-Струга и утврдила дека никој не носи маски. Полицајците почнале со пишување прекршочни пријави за патниците поради – неносење ковид-маска! Полицајците им ги собрале личните карти на патниците и им пишале пријави.
СЛОБОДНА ЗОНА
АНАЛИЗИ
Соња Танеска: Ова е машки свет, а жените граѓани од втор ред!
Џејмс Браун пее, „ова е машки свет, но тој не би бил ништо без жена или девојка“. Мажите ги измислиле превозните средства, електричната енергија, мажите прават сè, мажите прават пари, но без жената нивното срце би било пусто и огорчено. Колку има вистина во овој хит од 60-тите? Мажите уште од најрано време имале за задача да ловат и носат храна во домот и да го штитат семејството, а жените да се грижат за домаќинството, но дали е тоа сменето низ годините или пак живееме во малку помодерна верзија од минатото.
Соња Танеска: Македонските маркети, господари на цените во време на криза
Сега се поднесуваат завршните сметки на компаниите па во очекување сме на новите статистики за профитите на маркетите, за кои економистите постојано велат дека се „воени профитери“. Проценките се дека се очекува слично сценарио како за време на ковид пандемијата кога драстично се зголемија нивните профити. Цените на производите од почетокот на Руската инвазија врз Украина неконтролирано пораснаа, па по интервенцијата на власта се замрзна цената на лебот, а во игра е и замрзнување на цените и на други продукти.
ПИСМА
Џабир Дерала: Госпоџо Амбасадорка
Доволно е само минимум медиумска писменост, колку за 4-то одделение, за да се види дека ЦИВИЛ Медиа само ја врши својата функција како медиум – ја информира јавноста секој ден, со десетици авторски прилози и уште толку агенциски вести или избор од содржините објавени во други медиуми. Агенциските вести и преземените прилози не ни се примарни. Нашата медиумска платформа првенствено и највидливо објавува содржини од авторската продукција, па така, секој ден се објавуваат голем број изјави, интервјуа, анализи и колумни – според уредувачкиот колегиум – за сите најважни работи во земјава, регионот и светот.
.Д. Мишев