• Latest

Оптимизам и воздржаност во Атина и Скопје

March 6, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Оптимизам и воздржаност во Атина и Скопје

March 6, 2018 09:13
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во втората половина на месецов треба да пристигне во Скопје и да ја презентира грчката нацрт-верзија за решавање на спорот за името.

Ова го најави премиерот Зоран Заев и додаде дека Коѕијас ќе слета на аеродромот во Скопје и ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, а нова рунда за преговарачкиот процес под раководство на медијаторот Метју Нимиц се очекува да биде закажана на крајот на март или почетокот на април.

Заев, на неделната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека нема некое поместување во однос на проблемот со името.

– Имаме најава дека Коѕијас ќе долета третата или четвртата недела од март, каде букавално со неговото доаѓање на аеродромот Скопје ќе може да направат обиди да некако ги приближат ставови, меѓусебно да се информираат, да споделат очекувања или слично, а преговарачкиот процес ќе продолжи под раководство на медијаторот Нимиц, рече Заев посочувајќи дека немаат добиено драфт верзија и оти ја очекуваат првата да дојде со Коѕијас.

Се надева дека по ова прашање може да се изгради национален консензус.

Македонија и Грција ќе се обидат да ги приближат позициите пред средбата со Нимиц, а каква е сегашната состојба во јавноста не се соопштува, а грчкиот весник „Катимерини“ објави за што досега се согласиле двете страни.

Името, опсегот на употреба и акронимите се трите поглавја за кои Атина и Скопје постигнале договор, според грчкиот весник, кој коментира дека преговорите се претвораат во нерешлива загатка и покрај почетниот зголемен оптимизам од Атина.

Грчката влада, како што пишува „Катимерини“, сега се соочува и со опозициската Нова демократија, која бара промена на Уставот, но „Скопје, преку континуираните интервјуа на премиерот Заев, реагира на можноста за промена на Уставот“.

Промена на Уставот и име кое нема да зрачи иредентизам, а ќе обезбеди три гаранции: „не“ за промена на границите, „не“ за етнички заедници вон границите и „не“ за јазик што би настојувал на права вон границите се предуслови за решавање на спорот, кои ги истакна грчкиот претседател Прокопис Павлополус.

Меѓународен договор што ќе доведе до промена на уставните одредби што содржат иредентизам и одредница на името, се предусловите за решавање на спорот меѓу двете земји според новиот алтернативен министер за одбрана на Грција, Фотис Кувелис.

Според „Катимерини“ и покрај потешкотиите што постојат, Ципрас е цврсто посветен на решавање на проблемот, иако знае дека постои опасност за можни проблеми во Владата поради ставот на Панос Каменос.

Во меѓувреме во Грција е најавен протест пред грчкиот Парламент и 48-часовен генерален штрајк. Организаторите на демонстрациите за „одбрана на името Македонија“ во Грција планираат да одржат протест и 48-часовен генерален штрајк во случај евентуалниот договор да биде доставен за пратениците да дадат зелено светло. Тие бараат распишување референдум за ова прашање.

Организациите од грчката дијаспора за 18 март најавија протест пред седиштето на ОН во Њујорк.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаимеМакедонијаПреговориспор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ