• Latest

Орданоски: Во недела ќе се одржи втор референдум за Македонија!

December 9, 2016

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026

Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

May 12, 2026

Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

May 12, 2026

ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

May 12, 2026

Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

May 10, 2026

VSquare: Тивкото протерување — Како Унгарија засолнуваше руски шпион сѐ додека Орбан не падна

May 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

    Инфлација од 1,3% во април 2026: Најголем скок во храната и транспортот

    Фптп: Скриншот од видео на Guardian

    Нов правен пораз за Трамп – блокирани глобалните царини и најавени огромни рефундации

    Румен Радев / Фото: МИА архива

    Радев официјално ја презеде власта: Нова политичка ера во Бугарија меѓу реформите и геополитичките дилеми

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Дебата за политичките состојби во изборен контекст: Контрола на штетата и продолжување на политичкиот рок на траење на власта

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

    Звукот на привикнувањето

    Светски ден на слободата на медиумите: Помеѓу европските реформи и реалноста

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

    Предвремени избори за одржување на режимот

    Новинарство без слобода не бива. Прашањето е – колкава е таа слобода

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ПОЛИТИКА

Орданоски: Во недела ќе се одржи втор референдум за Македонија!

December 9, 2016 14:53
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Д-р Сашо Орданоски, политички аналитичар и експерт на ЦИВИЛ – Центар за слобода, во оваа анализа зборува за сите актуелни состојби во Македонија, наспроти историските предвремени парламентарни избори, што ќе се одржат во недела на 11-ти декември. Според него, непрочистениот Избирачки список е ујдурма на власта, а поткупот на гласачи и изборните злоупотреби од владејачките партии во функција на избори, се познат македонски фолклор, за којшто ќе треба да се постигне политички став по изборите, доколку сите тие случувања влијаат врз изборниот резултат.

Орданоски не ја исклучува можноста од изборни инциденти, и смета дека за ниту еден од нив не смее да има толеранција надвор од законските рамки. Негова оценка е дека овие избори имаат историска важност, на ниво на втор референдум за земјата. А, по двегодишната изразена политичка криза, веќе ниту еден граѓанин не може да се амнестира од одговорноста, дека кога гласал, „не знаел, за што станува збор“!

На три дена пред избори, ние сé уште не можеме да кажеме како ќе изгледа изборниот ден. Јасно е дека резултатите се многу блиски, дека натпреварот ќе биде многу жесток, јасно е дека власта можеби за првпат по повеќе изборни циклуси е во голема неизвесност, а мислам и пред пораз на изборите. Тоа ја прави нервозна. И затоа ќе треба да причекаме и да видиме како ќе изгледа денот-недела, бидејќи изборите досега беа во една релативно нормална рамка на предизборна кампања, со неколку инцидентни ситуации на реторички план. Се разбира, се водеше и една „црна“ кампања во текот на изборите, бидејќи власта мораше да се спротивстави на понудата на опозицијата, со зголемување на една националистичка реторика, со зголемување на стравот кај јавноста, бидејќи, на крајот, ми се чини дека, на власта не ѝ одговара голема излезност за време на изборите. Затоа, ќе треба да видиме како ќе помине денот-недела и дали некој ќе се определи да ги плаши граѓаните да не излегуваат на избирачките места.

Хаосот во Избирачкиот список е повторно ујдурма на власта!

Укажувањата на професионалните согледувачи на изборниот процес, укажувањата на невладините организации и натаму покажуваат и укажуваат на големи проблеми со Избирачкиот список. Но, Избирачкиот список е затворен и сите важни политички фактори во земјата го прифатија, како таков. Јас сум многу загрижен, затоа што илјадници луѓе не се наоѓаат на Избирачкиот список, но треба да се види дали на денот на гласањето, нив ќе ги најдат на списокот. Мој впечаток е дека се прави повторно една ујдурма на власта, но ние додека не излеземе на гласање, не можеме да знаеме колкав точно ќе биде тој број луѓе, кои нема да се пронајдат. Бидејќи, ако е тоа во една прифатлива рамка на несоврешен Избирачки список, којшто ненамерно е направен со пропусти, тоа може да биде една слика за изборите. Но, ако се покаже дека илјадници луѓе не можат да бидат пронајдени на гласачките места, каде што патем, гласале во повеќе наврати во повеќе избори, тогаш тоа е една симптоматична состојба и за тоа ќе треба да се има еден политички став. Бидејќи ако тоа се одрази на резултатот на изборите, тоа ги доведува самите избори во прашање! Од друга страна, со целата оваа приказна за „фантомите“, ние доаѓаме до констатацијата која претходно ја дадовме, дека овие избори се несовршени, недемократски до крај, така како што треба да изгледаат, а дека ДИК е сепак, едно тело кое е резултат на низа компромиси за да се стигне до денот на гласањето и за да почнеме евентуално, по гласањето, по тие избори, да излегуваме од оваа политичка криза. Ќе треба многу големо внимание да посветиме во месеците и годините што доаѓаат, а пред сé, за локалните избори за неколку месеци, во 2017-та година, бидејќи е јасно дека на Избирачкиот список сепак, има проблеми. Но, нивната сигнификантност и бројност ќе треба да ја провериме во недела. Така што, јас во таа смисла сум резервиран, но исто така, се надевам дека сите тие несовршености и сите тие, би рекол, сé уште постоечки злоупотреби, нема да влијаат суштински врз изборите. Доколку се случи суштински да влијаат, тогаш имаме една друга ситуација, во која ќе мора главните актери и домашни и странски, да заземат една политичка позиција, во смисла на оценката за тоа, како сето тоа изгледало.

Не може да се очекува од мафија, фер избори!

Ние знаеме дека ова се избори, на кои ќе ѝ се пресудува на мафијата. Не може да очекувате дека мафијата ќе оди на фер избори! Ние сме дојдени до таму до каде што сме, во оваа политичка криза, токму поради однесувањето на една структура на власта којашто мисли за себе и за своите поддржувачи дека се над законот. Сите тие нерегуларности, со кои што сме соочени, за кои сведочиме, се дел – од една страна, од еден изборен фолклор во Македонија со децении наназад, а од друга страна, на еден организиран систем, на кој јас сепак верувам дека на овие избори му се спротивстави една граѓанска желба, една партиска свесност, еден меѓународен притисок – за димензиите на тие злоупотреби што повеќе се намалат. Не можам на три дена пред избори да претпоставам што сѐ и кој сѐ подготвува за самиот ден на изборите. Јасно е дека има купување гласови, но во оваа држава, од власт на која единствено не ѝ се проблем парите, а сѐ друго и е проблем, треба да се очекува и дури, за жал, да се третира како нормално од неа, една масовна акција за купување гласови. Од тоа што јас го гледам, мислам дека и при тоа се наидува на отпор, мислам дека и тоа конечно нема да им вроди со плод, а секако, ќе влијае врз одредени резултати, така како што ќе ги видиме на крајот на изборниот ден. Затоа, велам, како и со Избирачкиот список, и со ова ќе треба да се види, како ќе помине изборниот ден, а потоа, да се заземат соодветни политички ставови. Бидејќи мислам дека Македонија не е повеќе расположена да толерира масовни кршења на изборните правила, на еден или на друг начин, и тоа да го прифаќа како една нормалност, која потоа се легитимира со повторни мандати за стекнување на власта. Затоа велам, ќе видиме во недела како ќе течат изборите, ќе видиме и во сабота како ќе тече предизборниот ден, па потоа сметам дека ќе треба да се заземат соодветни политички ставови.

Можни се инциденти на денот на изборите!

Не би знаел да кажам дали ќе има инциденти во недела. Ситуацијата е многу растресена. Имаме ситуација и меѓу албанските гласачи, има големо растројство од тоа што досега беше некаква пракса. Владејачката ДУИ, на сите им јасно и на самата ДУИ, дека ќе претрпи изборен пораз, во смисла на некакви претходни изборни искуства. Па, ќе видиме таа нервоза и кај власта, кај македонските етнички партии и кај албанските етнички партии, како ќе се рефлектира. Но, јас не би исклучил и сценарија и можни непредвидливи инциденти, кои може да се случат на изборите. Бидејќи нервозата сепак е голема, големи влогови се во прашање. Губитничката страна, а се надевам дека тоа е власта, има многу што да ризикува, па верувам дека разни ешалони на власта, па дури и самите раководства на партиите, можат да бидат склони на една, не само толеранција, туку и инспирација за тој вид настани. Но, мислам дека овој пат, бранот и енергијата која се гледа во општеството кое сака промени, ќе биде толку голема, што едноставно, ќе ги засени, ќе ги преклопи, ќе ги поплави овие можни инцидентни ситуции. Во секој случај, секој инцидент мора да се гони според закон и тука не смее да има толеранција.

Не знам дали македонската полиција ќе има капацитет да се справи со изборите. Се надевам дека ќе има капацитет. Од тоа што го видовме последните две години, главната машинерија, главната инфраструктура за местење на изборите, било МВР на чело со Гордана Јанкуловска и на чело со целиот тој партиски апарат на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ. Дали во меѓувреме сме стигнале до ниво, да кажам со оваа интервенција на опозициски кадри во полицијата, со меѓународната интервенција околу стандардизирање на однесувањето на полицијата, таа да се однесува фер, демократски и според закон – на изборите, тоа ќе мора да го провериме на самиот изборен ден.

Да беше жив Ќосето, Груевски ќе беше повисоко на листата за ликвидации од Заев!

Лидеро на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски направи еден крупен гаф во својата реторика и нему тоа му е јасно. Тој се обиде да ја денфува таа изјава, да се повлече од тоа што го кажа. Но, сметам дека штетата е за нив направена. Тоа е, сепак, одраз на една слабост, на еден страв… Потребата во политиката да се заканувате толку директно како што тоа, тој го направи со една навистина неславна  и личност и епизода, во историјата на ВМРО-ДПМНЕ е доказ на една свест дека изборите ќе се губат. Кога ќе ја видите биографијата на тој Ќосе, тој е сепак, еден професионален ликвидатор, а на тие списоци на неговите ликвидации има многу дејци на разно-разни фракции на македонските револуционерни движења и на ВМРО…  Јас го предупредив Груевски дека доколку беше жив Ќосето, кој патем и сопствениот брат го има заклано, веројатно Груевски ќе беше повисоко на листата за ликвидации од Заев. Така што, треба да се биде многу внимателен кога се оперира со тој тип на закани, бидејќи на крај, тие закани најчесто се враќаат како штета на оние коишто ги искажуваат, а не за оние против кои се искажани.

 СЈО ќе продолжи со работа и по изборите!

Резултатите од работата на Специјалното јавно обвинителство се видливи! Резултираат со 126 обвинувања, безброј кривични дела. Главниот дел од работата беше блокиран од нашето партизирано судство, во тој контекст, СЈО направи тоа што можеше во еден ограничен број на месеци, бидејќи покажува една неспорна желба својата работа да ја тера професионално и законски. Да сакаат да политизираат, да бидат дел од некаква правна пракса којашто во Македонија со години се толерира и се практикува од постоечкото судство, СЈО можеше да отиде и во повеќе политикантски насоки и да одработи за нечија агенда. Тие, сепак, строго се држат до тоа што го собираат како доказ, до тоа што го презентираат јавно, а потоа влегуваат во една процедура којашто во крајна линија не зависи од нив. Така што, сума сумарум, работата на СЈО досега е коректна, јас ќе бев уште порадосен да имаше уште толку дела, колку што ги извадија досега. Мојот впечаток е дека тие, последниве неколку недели, дури и се воздржуваат од објавување нови обвиненија, токму за да не бидат погрешно сфатени во изборниот процес. Но, мојот став е дека на сите оние, на кои досега не им се разјаснило, како се воделе работите во Македонија и благодарејќи на работата на СЈО, ништо нема да се промени, ако на два дена пред изборите, се објават уште 3, 5 или 10 кривични пријави, или 10 инцијативи за водење постапки против организираниот криминал во Македонија. Со други зборови, тој што не се освестил до петок, за што се работи во Македонија, нему нема да му биде пресудна некаква нова прес-конференција на СЈО, за евентуално да го профилира својот изборен политички став. Така што, без разлика на резултатите на изборите, СЈО ќе мора да продолжи. Мислам дека на сите им е јасно дека нивниот мандат ќе биде проширен временски, дека ќе следува некакво специјално судско одделение кое што ќе ги процесуира нивните случаи, а мислам дека по изборите ќе имаме ситуација во која што ќе влеземе и во конкретна разработка  на обвиненијата, а потоа, кој колку ќе може да докаже и да оспори во судските постапки, нека им е со среќа! Гледам дека има десетици функционери на владејачкиот режим кои се на листите на СЈО, некои од нив имаат меѓу 5 и 25 кривични пријави. Не знам како размислуваат за тоа досега, така што не знам како размислуваат дека ќе можат сето тоа да го изменаџираат, дури и под претпоставка да освојат и апсолутно мнозинство по изборите. Но, јасно е дека изборниот резултат ќе биде многу важен. Ако за ништо друго, за капацитетот и брзината со која СЈО натаму ќе ги процесуира случаите. Во таа смисла, се надевам дека Македонија во недела ќе стави една остра црта на практиката дека може да се биде над законот, и дека ние од понеделник, ќе почнеме да се движиме во насока на правна држава, а не на политичка бесправна држава, каква што досега бевме. Впрочем, затоа сите ги очекуваме изборите во недела, за да видиме како гласачите ќе пресечат и тоа референдумски. Сакате да продолжиме да бидеме бесправна држава со луѓе кои се над законот, или сакате да стануваме пристојна демократска држава каде што законот ќе важи подеднакво за сите.

Никој не може да се амнестира дека не знае што се случува во Македонија!

Според тоа, не сум сигурен дали во недела ќе победи демократијата и мислам дека нема таков човек, којшто може тоа да го предвиди. Но, едно ме чини мирен. Јас во недела, ќе излезам како граѓанин со високо подигната глава, бидејќи мислам дека се направи максимално од тоа што можеше да се направи. Сите ние, во анализите можеме да предочиме на грешки, пропусти, подобри комбинации или постапки кои можеле да се направат.Но, сето тоа мислам дека е сега неважно, до недела. Македонија навистина помина низ една повеќегодишна криза, мислам дека се избистрија позициите и аргументите на оние кои бараат промена на овој режим се толку јасни што во недела нема да има луѓе кои ќе кажат – не знаевме. Тоа е друго, како ќе гласаат, но како и да гласаат, не можат да се оправдаат со тоа – еден ден да кажат, пред своите деца, пријатели, пред себеси конечно, „знаете, тогаш гласав, ама не знаев за што станува збор“. Во недела, 99 отсто од луѓето ќе знаат за што станува збор, друго е прашањето како ќе изберат да гласаат.

Tags: 11 декемврианализаВМРО-ДПМНЕГруевскиДИКДоговор од ПржиноДУИЗаевзаканиОрданоскипритисоциСДСМСЈОуцени
Share33Tweet21Send
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ