Талат Џафери од ДУИ, ексминистер за одбрана во владата на Никола Груевски, во периодот од 18 февруари 2013 до 19 јуни 2014 година, ќе биде нов спикер на парламентот.
„Да, договорено е со партиите кои го чинат новото парламентарно мнозинство, Талат Џафери да биде нов претседател на новоконституираното Собрание“, потврди Бујар Османи, портпаролот на ДУИ, за ЦИВИЛ Медиа.
Но, од СДСМ не ја потврдија веста. Оттаму велат дека во понеделник, на закажаната собраниска седница, ќе се утврди кој ќе биде новиот спикер на македонскиот парламент.
M. Талеска