• Latest

Османи: Законот за јазици е дел од европскиот пат

August 13, 2017

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Законот за јазици е дел од европскиот пат

August 13, 2017 19:56
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Како што пренесува новинската агенција МЕТА, „патот до Брисел води преку Охридскиот рамковен договор и Законот за јазиците, како едно од најсензитивните и најважните прашања од договорот“, вели вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во интервју за „Телма“.

Османи изјави дека Законот за јазиците е со европско знаменце, што предвидува негово донесување во брза постапка, затоа што е дел од националната програма за усогласување со европското законодавство и очекува до крајот на овој месец да се најде на дневен ред во Собранието.

„По 16 години постигнавме меѓуетнички консензус преку партиите што ги претставуваат македонската и албанската заедница да најдеме начин да го усогласиме различното интепретирање на членот 5 од Уставот и последното отворено прашање од Рамковниот договор да го унапредиме“ – вели Османи.

Според Османи, за донесувањето на законот  нема да се чека мислењето на Венецијанската комисија околу употребата на албанскиот јазик на униформите на полицијата и на војската и на банкнотите. Тој додава дека, доколку Комисијата оцени дека овие одредби се уставни тие ќе бидат додадени во законот, а доколку не, тие ќе бидат оставени настрана.

Османи соопшти дека очекува во наредните денови да има средба со претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на која ќе ја побара нивна поддршка за законот.

„Овој закон е одлична можност ВМРО-ДПМНЕ да го ревидира ставот во однос на Албанците. Текстот на законот е разговаран со сите политички партии и сите се запознаени со него. Очекувам наредните денови да се сретнам со претставници од ВМРО-ДПМНЕ со цел да укажам дека одредени прашања кои што се стратешки важни за државата треба да се издигнат на натпартиско ниво и за нив да биде постигнат консензуз. Се надевам дека ќе има разбирање по однос на потребата за затворање на ова важно прашање“ – нагласува Османи.


извор: МЕТА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Бујар ОсманивладаЕУзакон за јазициМакедонијамеѓуетнички односи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ