Иницијативата Мегафон или Платформата – засилувач на гласот на граѓаните, повикувајќи се на принципите за работа на Државната изборна комисија, преку онлајн петиција бараат оставка од деветте члена на ДИК.
Досега имааат над 4.400 потписи и се надеваат дека оваа бројка ќе се зголеми.
Имено во нивниот повик стои дека ваквото барање се должи на неетичкото однесување на членовите на ДИК и кршење на принципите за работа.
Независноста, непристрасноста и одговрноста се дел од тие принципи за работа, ако што велат од иницијативата делот кој вели „Постојано вршиме само-евалуирање, затоа што сакаме постојано да ја унапредуваме нашата работа и секој нареден изборен циклус да биде подобар од претходниот. Притоа ја зголемуваме ефикасноста, ја спроведуваме работата со помалку напор, и ја зголемуваме ефективноста со што ги намалуваме трошоците за својата работа“, членовите на ДИК не го испочитувале.
„Платата на членовите на Државната изборна комисија (ДИК) се движи помеѓу 60.000 и 70.000 денари. Во изминатите 18 месеци, во три наврати, си доделиле вкупно 12 надоместоци и воопшто не ја информирале јавноста за тоа“ се вели во петицијата.
Потписниците на петицијата, како причини за поддршка ги наведуваат носвесното трошење на јавните пари, неетичкото и неморалното однесување, а многу од поптисниците освен оставка, бараат и кривична одговорност.
Б.Ј.