• Latest
Добро утро со Орданоски

Овде некој не е наш!

November 8, 2017
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Овде некој не е наш!

November 8, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]М[/dropcap]акедонија, навистина, сѐ уште не може да се навикне на фактот дека имаме власт која не само што прифаќа да биде критикувана, туку се труди низ дебата и нешто од тие критики да предизвика, па мирно да ги дигестира, нешто да поднаучи, па и да поправи онаму каде што мисли дека може тоа да се направи. Какво освежување, среде ноември.

Оној Заев просто инсистира да добие непријатни прашања од кој било новинар со кого ќе седне, па некако изгледа дека сите околу него се агенти-провокатори на Мирниот Човек од Сечуан, кој искомбинирал некаква струмичка варијанта на мудроста на Лао Це и итроштината на Итар Пејо, дошол до некаква внатрешна нирвана, и е подготвен искрено да одговори и на провокации, дури и во бележито и, се надеваме, трајно отсуство на Латас, од секаков „јавно-приватен“ вид. Тоа, експертски ви велам, не се учи, ќе да е дарба, поддржана од уверувањето дека политичарот мора да е 24/7 закачен на чивилукот на јавниот интерес. И низ добри и низ помалку добри времиња.

Или земете го оној кумановски кајмакам, нашиот цивилен претставник на везирот, во МВР, Оливер Спасовски: таман кога ќе помислите дека е здодевен и крут, како да лапнал двометарски стап на кој можеш да врзеш сиџим за сушење алишта, ќе ве изненади со смирен и супстанцијален одговор на кој ни назалниот цинизам на Оливера Трајковска или церебралната стрпливост на Васко Попетревски не можат да му најдат суштинска маана. Си молчи, додуша, кога нема што да каже – како со оваа трагичнава престрелка од пред некој ден – ама барем не се прави паметен за тоа кај што не е.

Па и тој Тевдовски, министер финансиски, интелигентен, ама професорски подзбунет и не до крај артикулиран за комуникација со народ, мислам дека нема зла намера дури ни кога повикува новинарите да не се мешаат во својата работа, односно да поставуваат прашања за области и проблеми што не ги разбираат. Да беа новинарите експерти какви што се министрите, јавноста одамна ќе беше заспана, ако не и умрена од здодевност!

Сѐ на сѐ, кој контраст од пред година-две!

Ја памтите ли ароганцијата на Зоран Ставревски или презирот на Гордана Јанкуловска кон новинарите и, воопшто, кон јавноста, како да се навредени од самата можност некој да им постави прашање во кое ќе има и правлива трага од критика? Секоја размена со новинарите комотно можеа да ја почнат со реченицата: „Многу сте глупави, значи, ама еве да ви одговорам…“

Или Мијалков, со онаа поткрената веѓа – со тој тик ли е роден човекот? – и со мантил наметнат врз рамења, кој со самата своја појава, мешавина меѓу дотерано денди а ла франка, градски џиљкош и лик од времето на прохибицијата, требаше да предизвика грчеви во стомакот кај секој што имал намера да му се приближи?

До Грујо, пак, не можеше ни да се пријде, ако не си дел од внимателно испланираното сценарио за градењето на неговиот провинциски култ на личноста – околу него денеска само му останаа истите оние полицајци и тетовирани насилници (борачи ли се, пеливани ли се некакви?) кои со години го штитеа од можноста не Саше Политико, туку никој да не може да му се приближи за да го праша некое здраворазумско прашање за очајните состојби во земјата во која медот течеше низ олуци, а млекото низ потоци.

Сакам да кажам, да не се грижат разни луѓе дека многу се критикува новава влада. Не се плашете, не се од шеќер, нема да се стопат. Ако не ги отепаме од критики, само ќе ги направиме посилни. Тоа не може да е лошо за државава. А и за демократијата, патем.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Васко ПопетревскивладаГордана ЈанкуловскадемократијаДраган ТевдовскиЗоран ЗаевИтар ПејокритикаЛао ЦеМедиумиНикола ГруевскиновинариОливер СпасовскиОливера Трајковска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ