• Latest
Фотографија: Робер Атанасовски

Патриотот ја брани државата, националистот се брани со неа

July 24, 2018

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026

СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

May 13, 2026

ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

May 13, 2026

За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

May 13, 2026

Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

May 12, 2026
Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

May 12, 2026

Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

May 12, 2026
Реакции - идентитет

РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

May 12, 2026

Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

May 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

    Нафта, нуклеарни закани и геополитички притисоци – разгорување на тензиите меѓу САД и Иран

    Путин призна: Инвазијата во Украина не беше за „ослободување“, туку за запирање на нејзиниот пат кон ЕУ

    ВЛЕН бара нова фаза на децентрализација: Општините да добијат поголема финансиска и политичка моќ

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026

    Зеленски дозволи одржување на парадата во Москва: Потпиша декрет за локализиран прекин на огнот

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

    Илустрација ВИ

    Предвремени избори како алатка за продолжување на политичката контрола

    Германски трупи парадираат пред платформата со високите офицери на германската и советската армија (Bundesarchiv Bild 101I-121-0011A-23, Polen, Siegesparade, Guderian, Kriwoschein)

    Заборавениот сојуз и пријателство „запечатено со крв“: Кога нацистите и сталинистите парадираа заедно

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Патриотот ја брани државата, националистот се брани со неа

July 24, 2018 08:00
in СЛОБОДНА ЗОНА
Фотографија: Робер Атанасовски

Фотографија: Робер Атанасовски

Share on FacebookShare on Twitter

На излегувањето на гласање мора да се гледа како на патриотски чин, пар екселанс. Без разлика на референдумското прашање. И, секако, без разлика и на одговорот.

Дали сте за тоа земјата конечно да излезе од крајниот стадиум на национализмот и да влезе во почетниот на патриотизмот? Тоа е клучното прашање кое го поставува претстојниот референдум пред јавноста, тест на кој се ставени граѓаните со право на глас во Македонија – пред да излезат на гласање.

Пишува: Злате Лозановски

На референдумот треба и мора да се гледа како на клучен момент, како ритуал на иницијација, на преобразба. Како на голема, неповторлива прилика конечно да направиме нешто за, наместо против државата. Чисто за промена. Тајно, интимно, симболично, „со пенкало“ да ја заокружиме националистичката фаза во која пропаѓа и во која е заробена државата речиси во целото свое минато, да почнеме со извлекувањето од живиот песок на шовинизмот и да стапнеме на цврстото тло на патриотизмот. Да го изгласаме како иднина на земјата. И како гарант за нејзиниот опстанок меѓу современите, цивилизирани држави во светот. Да ја напуштиме граматиката на злото во која е избришано првото лице еднина. Како зрели, совесни и одговорни личности и поединци да почнеме да користиме лични заменки (јас, ти, тој), наместо да ја злоупотребуваме множината (ние, вие, тие) за да ја маскираме сопствената неодговорност, неспособност, незнаењето, омразата и криминалот.

Ако се согласиме дека патриотизмот е пред сè одговорност и над сè пак одговорност, прво лична, индивидуална, а со самото тоа и општествена, колективна, тогаш со жалење може да констатираме дека Македонија е една од ретките, ако не и единствена држава без патриоти. Или тие се занемарливо, невидливо, речиси непостоечко малцинство. Затоа, веројатно, и не (за)личи на држава.

Во политичката теорија постојат многу и многу различни толкувања – некои од нив се и крајно конфузни, па и спротивставени – на поимите патриотизам и национализам. Според одредниците кои доминираат (и кои ми се мене најприфатливи), патриотизмот е  чувство, идеја, обврска, морален став најтесно поврзан со државата, нејзиното постоење е услов без кој не може да постои. Ако нема држава, нема ни патриотизам. (Југославија е типичен пример: заедно со нејзиното распаѓање исчезнаа и ју-патриотите; или се претворија во ју-носталгичари, што не го менува исходот). Патриотизмот подразбира и припадност на одредено – свое, наше – место, култура, традиција, правила на однесување и секогаш е „за“. Свест и граѓанска одговорност за сите што живеат во таа држава, прифаќање, без разлика на вера и национална припадност. Тој никогаш не е насочен против или на сметка на другиот.

Национализмот е сè друго, поточно сè што е спротивно на тоа. Главни состојки на овој негативен облик на етничката свест се паранојата, стравот, зависта, омразата кон различните, фетишизација и лажна претстава на сопствената нација. Изграден на негирање, порекнување, на негативна селекција, на минато. Идеолошки и митски плашт зад кој се крие корупција и насилство, последно засолниште за ништожници, не само морални. Нема млак, благ или позитивен национализам, во сите различни варијанти тој е еднакво штетен. За сите, вклучувајќи ги и своето племе, народ, нација. Додека патриотот ја брани државата, националистот се брани со неа. Ја има како заложник. Таа му служи како штит, отпорен, непробоен за каква било промена, како гарант дека ништо никогаш нема да се смени. Ни во него, ни во нацијата, ни во нивниот перверзен однос. „Државата пред сè “ беше изборниот слоган на кандидатот за шеф на државата – за втор мандат – оној кој ѝ нанесе најмногу штети, кој ја стави државата „пред сè “ што правеле неговите политичко-партиски ментори. Како нивна (од)брана пред законот.

Македонската интелектуална елита, уште помалку политичката, никогаш не се обиде да ги дефинира, да ги разграничи, да каже, ако ништо друго, барем тоа  дека патриотизмот и национализмот – се разликуваат! Напротив, не само што дозволи да се замагли границата помеѓу нив, туку помогна да се случи голема, трагична замена: национализмот се нарече патриотизам. Поради ваквиот интелектуален и морален конформизам и послушништво, во македонската пракса ситуацијата стана беспрекорно чиста: сите што се ставија во каква било врска со државата – особено во законски забранета – сите се нарекоа патриоти! Па така, во земјата во која национализмот ги доживуваше своите ѕвездени моменти и беше подигнат на ниво на шовинизам, се изродија едно чудо (самонаречени) патриоти и бранители на државата. Ефикасноста на системот не дозволуваше нијанси. Според налогот на диктаторот: да не го тупиме! – сите што ја имаа таа среќа да живеат во ваква држава беа јасно, недвосмислено и крајно едноставно поделени на патриоти и предавници. Трети немаше. Особено не националисти. Се разбира, владетелите, што си го присвоија тоа право, што го имаа тој луксуз да ја прават поделбата, себеси и своите следбеници и послушници се нарекоа патриоти. Без разлика – или токму поради тоа – што се што правеле, правеле против државата.

Историски, државјаните на Македонија, немале ни услови да станат патриоти, ни многу прилики да го изразат својот патриотизам. Немале држава, или ја имале прекратко за да бидат однегувани во тој дух. Затоа и најмалите патриотски искри редовно прераснувале во националистички пожар и биле пеплосувани. Гласањето, на пример, на првиот референдум за независна Македонија, беше навреме поништен како патриотски чин и експресно претворен во националистички! Под тоа шовинистичко небо сè уште живееме или, поточно, дивееме.

Треба да се потсетиме на зборовите на Зоран Ѓинѓиќ, кој сметаше дека следната фаза на национализмот не е интернационализам, туку патриотизмот. И дека тоа ќе ја одреди иднината во наредните сто години.  „За национализмот се меродавни мотивите, за патриотизмот резултатите и последиците. Тоа е основна разлика помеѓу традиционалните и модерните општества. Имате историски примери кога национализмите, сакајќи да ја унапредат, ја уништиле својата нација. Наместо да држиме морални говори за тоа колку сме добри и какви права имаме, ќе вршиме детални анализа за успее тоа што го сакаме. Ќе бидеме одговорни за последиците, а не да бараме оправдување за мотивите. И тоа е таа огромна разлика“. Така говореше (непосредно пред атентатот) политичарот кој херојскиот обид од Србија да направи држава, го плати со својот живот (националистите жртвуваат туѓи).

На крај, да се вратиме на почетокот. На референдумот нема да се гласа за партија, за лидер, за наши, за ваши, за власт. Ќе се гласа за државата. Ќе биде шанса за сите од постојниот Избирачки список со гласачи да се најдат на непостојниот со патриоти. Со можност дел од нив и во иднина да останат на него. Затоа на излегувањето на гласање мора да се гледа како на патриотски чин, пар екселанс. Без разлика на референдумското прашање. И, секако, без разлика и на одговорот.

Фотографија во прилог на текстот: Роберт Атанасовски

Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: државаЗлате ЛозановскиЗоран ЃинѓиќМакедонијанационализампатриотизамреферендумЦивика МобилитасЦивил
Share215TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ