• Latest

Павле Богоевски: Груевски очигледно сакаше да предизвика омраза и насилство на улиците!

June 20, 2016

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Павле Богоевски: Груевски очигледно сакаше да предизвика омраза и насилство на улиците!

June 20, 2016 12:28
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Проблемот е политичката одлука да се апсат луѓе кои протестираат со поставување на платно. Тоа не би требало да се случува во ниту едно демократско општество. Ова само уште еден доказ со кои сé средства Груевски е подготвен да се служи за да остане на власт!“, вели активистот Павле Богоевски за ЦИВИЛ Медиа, кој вчера беше приведен од полицијата поради обидот да постави транспарент на јавно место

Увертира за денешниот протест на Шарената револуција беше вчерашното притворање на граѓанскиот активист Павле Богоевски, при обидот на активистите на Шарена револуција во герила-акција на јавно место да истакне транспарент за време на прославата на роденденот на ВМРО – ДПМНЕ и говорот на Никола Груевски.

„Вчера, Шарената револуција се обиде да изведе герила-акција и да постави платно со испишана порака на спротивната страна на Вардар, каде што се одржуваше прославата на роденденот на ВМРО–ДПМНЕ. Полициските службеници во неколку наврати ни го ограничија движењето и на неколку локации ни забранија да се приближиме. Кога дојдовме до последната локација на која можевме да го пуштиме платното, пак ни рекоа дека не може. Ние, сепак се обидовме да го поставиме. Во тој момент, полицијата примени физичка сила и ме приведоа“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Богоевски.

13349041_10209602827287673_1144086089_n

„Кога ме однесоа во полициската станица, ми дадоа платен налог за непочитување на наредба за однесување на јавно место, што само по себе е бесмислено, бидејќи не беше издадена таква наредба, или барем јас не ја чув. И другите активисти со кои разговарав,  не слушнале наредба од таков тип. Меѓутоа, тоа не е проблемот. Проблемот е политичката одлука да се апсат луѓе кои протестираат со поставување на платно. Тоа не би требало да се случува во ниту едно демократско општество. Ова само уште еден доказ со кои сé средства Груевски е подготвен да се служи за да остане на власт. На неколку активисти им рекоа да отстапат во моментот кога ме приведуваа, но не можам да се сетам на кои активисти им се обратија, сé се случи толку брзо, на земја лежев во моментот. Не забележав употреба на физичка сила кон други активисти, меѓутоа многу груб и некултурен однос се забележа“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Богоевски за односот на полицијата и причините за таквото однесување на полицајците.

Богоевски смета дека вечерва на протестите, уште еднаш граѓаните ќе покажат дека се цврсти и решителни и дека ќе требаат да ја земат демократијата и слободата во свои раце.

„Мислам дека дополнително ќе ги охрабри повикот на Груевски со кој сакаше, очигледно да предизвика омраза и насилство на улиците. Но, мислам дека луѓето во Македонија отрпнаа на неговата пропаганда. Последните обиди за провоцирање и инсценирање на насилни сценарија не му поминаа и мислам дека граѓаните се доволно силни да го издржат и пребродат и ова. Затоа, не мислам дека ќе опадне бројката на демонстрантите , напротив мобилизацијата на нашиот протест ќе биде многу повисока“, изјави Богоевски на прашањето за влијанието на отворената порака упатена до демострантите од Никола Груевски во неговиот вчерашен говор.

И Шарената револуција и #Протестирам, на своите Фејсбук профили, повикаа на масовен протест со кој граѓаните ќе дојдат по својата правда, вечерва со почеток во 19:00, пред СЈО

„Ние не простуваме! Ние не дозволуваме преговори за нашата иднина и иднината на нашите деца водени зад затворени врати! Лути сме и гневни на политичките елити што предолго нè држат во статус кво со неуспешни и нетранспарентни преговори без учество на граѓаните! Доста ни е од преговори во кои ние сме нем и пасивен набљудувач! Нашиот глас мора да биде слушнат и од власта, и од опозицијата! И ќе биде слушнат! Ако не во таа мала соба за преговори, ќе нè слушаат од улиците и плоштадите на оваа држава!“, стои во повикот на #Протестирам.

На Фејсбук профилот, пак, на Шарената револуција се повикува на одбрана на СЈО како што велат, „тврдината на правдата“ која е под сериозна закана од власта.

„Иако прогонот врз демонстрантите продолжува, граѓаните ќе ја земат правдата во свои раце. Институциите што треба да не бранат нас граѓаните, всушност, ги бранат само криминалите на владеачката партија. Не може да има правда во државата, кога режимот врши прогон врз оние кои се борат за слобода, правда и еднаквост“, се вели во повикот на Шарената револуција.

Биљана Јордановска

 

 

 

Tags: АпсењеВМРО - ДПМНЕгерила акцијаМакедонијаНикола ГруевскиПавле БогоевскиПротестЦивилшарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ