• Latest

Почеток на крајот за Владимир Путин

June 28, 2023

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протести во Тирана, 3 ноември 2026

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Почеток на крајот за Владимир Путин

June 28, 2023 10:00
in КОНТЕКСТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Што се случува во Русија, кои се проекциите по походот на платеничката војска на Пригожин, како тоа ќе се рефелектира понатаму во однос на руската агресија врз Украина, се дел од аспектите што ги опфаќа анализата на Љубомир Костовски „Пригожин ante portas“.

Во тој контекст одвојуваме дел од анализата кој го отвора прашањето за моќта на Путин и неговата диктатура:

Ханан во однос на дејствијата на овој настан, кој е без сомнение историски, иако траеше ден и половина, е дециден дека „ова е почеток на крајот за Владимир Путин, без оглед на одлуката на Евгениј Пригожин да се сврти…“

Моќта на Путин, според Ханан (реформатор кај британските конзервативци и колумнист на „Вашингтон егзаминер“ и лондонски „Телеграф“.), почива во проекцијата, пропагандата, сликата на непобедливост. Сега, одеднаш, завесата се откина, откривајќи го Волшебникот од Оз како мал, просечен, исплашен човек.

Однадвор, диктатурите можат да изгледаат монолитни, резонира Ханан понатаму. Една од причините поради кои западните кремљолози не успеаја да го предвидат крајот на Советскиот Сојуз беше тоа што малку знаеја за нужно тајните ривалства во него. Никој од нив не предвиде дека главниот инструмент за распадот на СССР ќе биде Руската Федерација на Борис Елцин.

Денес, истата Руска Федерација се појавува обединета. Рејтингот на Путин се движеше околу 80 отсто, а неговите најгласни противници се во егзил или во затвор. Нема значајни опозициски партии или критички весници. Луѓето се собираат кај нивните лидери за време на војната, а ефектот на санкциите беше зајакнување на контролата на Путин врз економијата, смета тој Ханан.

Овој автор кога ја отвора „конзервата на моќта“ на Кремљ, говори за силовиците. Ние би рекле дека се тоа моќници на дуплото дно на државата, а Ханан тврди дека тие „ја чувствуваат неговата ранливост и склучуваат сојузи како подготовка за транзицијата, иако генералите и адмиралите кои ја држат другата половина од нуклеарните кодови сè уште би можеле да маневрираат“.

Овој многу цитиран колумнист оценува дека „можеби девет од руските региони и републики би можеле да бидат подготвени да распишат референдуми за независност, бидејќи им е доста од московската клика која ги зграпчува нивните природни ресурси, ги регрутира нивните млади луѓе и не им нуди ништо за возврат.

Тука се вбројуваат и големите корпорации како Гаспром, како своевидни држави во држави, кои градат приватни армии, веројатно во очекување да мора да ги бранат своите средства со сила заради хаосот што би следел ако слабее власта на Путин. Не постои никаква контрола врз единиците на Кадиров, кои се колку и оние на Пригожин, а се проценува дека дури и министерот за одбрана Шојгу (според белградски Н1) има своја бројна преторијанска гарда.

Кај путинистите во балканските медиуми (ах, колку само ги има) главна и единствена вест од последниот викенд во однос на руската криза им беше дека во Вагнер центарот во Санкт Петерсбург се најдени 40 милиони долари; истите беа објаснети од Пригожин, кој преку својот канал на Телеграм објасни дека се работи за платите за неговите војници што тие треба да ги земат на крајот на месецот. Изворот на неговите средства се од експортот на насилство на Блискиот Исток (Сирија) и Африка (нафтени извори во Либија и рудници на злато во Судан). Неговата милитаристичка корпорација поседува една воздухопловна база во Централноафриканска република (ЦАР) и една голема касарна на границата на ЦАР со Судан! Поседува најмалку еден голем товарен воздухоплов од советско производство.

Тој никогаш не бил во најтесниот круг на Путин, кој главно го сочинувале поранешни офицери на КГБ во Ленинград. Сепак, Путин, чија параноја се протега на дишење специјално прочистен воздух, немаше да ги довери своите кујни на некој што не му е сигурен.


Дел од анализата „Пригожин ante portas“
Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: Владимир ПутиндиктатурапутинистиРусија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ