• Latest

Почеток на учебна година: Ако денот по утрото се познава, црно ни се пишува

September 2, 2024

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Почеток на учебна година: Ако денот по утрото се познава, црно ни се пишува

September 2, 2024 16:18
in АНАЛИЗИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Стартот на новата учебна година, особено за првачињата, започна со свечени манифестации по училиштата, а некои беа почестени и со присуството на државни функционери, од претседтелката и премиерот на државата, до лидери на партии и градоначалници.

Со што стартува учебната година?

Според ресорното министерство, оваа учебна година започнува со навреме испорачани учебници во основните училишта, освен учебниците за странски јазици, за кои МОН ја поништило постапката за јавна набавка и таа одлука е во жалбена фаза која се уште трае.

Наставата започнува со физичко присуство, а онлајн настава ќе има само за учениците од неколку училишта каде не е навреме завршена реконструкцијата или набавката на опрема. Во 140 училишта ќе се одвива едносменска настава. Учебната година ќе трае до 10 јуни за основниците и до 16 мај за средношколците. Пролетниот распуст се укинува, како што најави и министерката за образование, Весна Јаневска, затоа што се покажал како комплициран, како што изјави таа, според анкетираните родители.

Во контекст на инклузивното образование, оваа година стартува со 815 образовни асистенти кои денеска ги потпишуваат договорите за работа, а за 200 други кои беа проектирани, од денеска трае конкурсот. На прашањето зошто се доцни со постапката, министерката одговори дека бројот на децата со посебни образовни потреби се менува секоја година и, наводно, не можело да се знае колку дополнително ќе бидат запишани во прво одделение. Оваа изјава предизвика поткренати веѓи, особено затоа што таквите податоци треба да им се познати на институциите.

Сепак, за штитениците од Воспитно поправниот дом – Тетово и оваа учебна година нема да започне. Како и лани, овие деца на првиот училишен ден повторно нема да седнат во училишните клупи. Годинава нема проект, а не се донесени ниту законските измени потребни за формализирање на процесот.

Што му претходеше на стартот на учебната година?

Зголемувањето на платите за наставниците за 12 отство стана клучен проблем околу кој повеќе кренаа прашина политичките партии, отколку самите наставници или пак, нивните синдикални претставници.

Како што соопшти МОН, поради лошата состојба со буџетот и необезбедени средства за проекти и обврски во образованието, наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, како што бара синдикатот, туку зголемување ќе има во март.

СДСМ повика на протест на 1 септември, под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите!“ со што побараа да се покачат платите во образованието за 12% и да им се исполнат законските барања на наставниците. Собирот помина, а го поддржа и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Протест на наставниците, 1 септември 2024 (фото извор: СДСМ)

“Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати и би рекол понижени и запоставени од Владата. Мицкоски јасно покажува дека го запоставува образованието, ги запоставува оние кои ни ги учат и воспитуваат децата. Оправдувањата дека нема пари во буџетот се неприфатливи. Ако СДСМ беше на власт ќе имаше пари и за покачување на плати и за почитување на сите колективни договори“, изјави Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ од своја страна, го оценија собирот како партиски и дека СДСМ и ДУИ со тоа вршат брутална злоупотреба на наставниците.

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) се огради, иако тие се репрезентите на правата на наставниците. Како што изјави првиот човек на СОНК, Јаким Неделков, тие немаат донесено одлука за порадикални мерки како што се протестите или штрајкот и дека ќе бидат конструктивни како социјални партнери. Очекуваат до средината на септември да се заокружат преговорите во однос на зголемувањето на платите. Засега, основната плата без додатоци во основното образование е околу 33.500 денари, а во средно 34.600 денари, за што сметаат дека е „релативно ниска“.

За денеска е најавен и протест на Независниот синдикат за образование и наука во 18 часот во Битола, со цел почитување на колективните договори кои се обврзувачки за вработените во секторот образование.

Нова учебна година, стари проблеми: ЦивилМедиа со „прашање на денот“ со кои почнува учебната година

На учениците и нивните родители ништо не им значи тоа што се смени власта и дојде нова министерка за образование. Проблемите остануваат исти и се влечат со години, па и децении. Ништо не значат ниту најавите на министерката Весна Јаневска за реформи во образованието и креирање нова национална стратегија за образование. Две повидливи постапки на министерката беа укинување на пролетниот распуст и непопуларното известување дека од оваа учебна година ќе нема ниту учебници за странски јазик и на јазиците на заедниците. Најави дека тие ќе бидат онлајн, но и дека странски јазици може да се учат од серии. Ништо не им значат партиските препукувања, ниту, пак, од нив зависат платите на наставниците.

Она што родителите го истакнаа во разговор со ЦивилМедиа е како ќе го издржат финансискиот товар, во какви услови ќе им учат децата, дали им е гарантирана безбедноста во училиштата, како ќе ја организираат онлајн посетата на часови, ако имаат, на пример, три деца, а можност само за еден компјутер. Дали ќе има разбирање од наставниците или не? Што е со честото менување класни раководители? А бесплатните учебници, пак, се „чиста лотарија“.

Фото ЦИВИЛ

„Да не ги заборавам бесплатните учебници, кои се под секое човечко достоинство, и изгледаат како да се земени од некој отпад за стара хартија, која единствено може да послужи за потпала. Проблемот не е од сега, се провлекува години наназад, без разлика кој е на власт. Мислам дека нашите деца тоа не го заслужуваат“, изјави еден родител.

ЦивилМедиа го постави прашањето и на својата Фејсбук страница, давајќи им можност на родителите да одговорат во коментари или во порака анонимно. Најголемиот број одговори дојдоа преку пораки каде родителите  ја изразија истата загриженост за попатните финансиски трошоци за „бесплатното“ образование, лошата состојба на учебниците, хигиената. превозот, преселбата на децата во други училишта, поради недовршена реконструкција на тие во кои учеле претходно,  како ќе се организираат со едносменската настава…

Во коментари од читател ја добивме следната констатација: „Децата се припремаат за свет како што бил во 20 век, а не за каков ќе биде на средината на 21 век. Тоа е заеднички проблем, со мали исклучоци, во сите пораниешни југословенски земји“.

Доколку сериозно се сфати констатацијата на читателот тогаш црно ни се пишува во образованието.

Мицкоски понуди решение – задоцнето

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека владата подготвува анализа за да ги намали трошоците на родителите на стартот на учебната година и утре на седница ќе усвои мерка за лимитирање на цените на производите.

„Правиме анализа на сите трошоци и мислам дека во текот на денов ќе биде готова и утре на седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите кои се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, но и периодот после летото да можеме да го поминеме“, изјави Мицкоски.

Најавената „анализа“ е дефинитивно задоцнета, затоа што додека се изработи анализа и се донесе владина одлука, набавките веќе ќе бидат направени.

Од година в година сè помалку ученици во училишните клупи

„Само за последните десет години, бројот на ученици во основните и во средните училишта е намален за 27 илјади. Намалувањето на бројот на ученици е особено изразен во средното образование, каде само за десет години, бројот на ученици е намален дури за 20 проценти, односно за 17 илјади ученици, а во основното образование, намалувањето изнесува 5 проценти, односно 10 илјади ученици“, покажуваат резултатите од Државниот завод за статистика.

Од друга страна, истражувањето на ДЗС покажува дека има зголемување на бројот на наставници. Имено, во последната учебна година имало 1203 наставници повеќе отколку пред десет години, односно нивниот број е зголемен за 7 %. Истовремено, бројот на ученици е намален за 5 проценти. Кога станува збор за средното образование, бројот на наставници е намален за речиси 5 %, но таму намалувањето на бројот на ученици е за 20 %.

Нека е со среќа новата учебна година!

ЦивилМедиа им посакува многу среќа на сите ученички и ученици. Навистина ќе им треба среќа – и ним, и на нивните родители, а и на наставниот кадар. Па нека е со среќа!

Да не ги заборавиме и функционерите. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова присуствуваше на првиот училишен ден во ООУ „Јан Амос Коменски“ во Скопје. На првиот училишен ден, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, присуствуваше во училиштето Коле Неделковски во Општина Центар. Премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование Весна Јаневска присуствуваа во ООУ „Стив Наумов“ во Општина Гази Баба. Првиот вицепремиер Изет Меџити присуствуваше во ОУ „Лирија“ во Скопје. Секој градоначалник се потруди некако да го одбележи првиот училишен ден на првачињата. И сите им посакаа среќа.

А среќата како на учениците и наставниците, така и на родителите, зависи токму од нив и нивните образовни политики.

Биљана Јордановска

 

 

Tags: МОНнаставнициобразованиепроблемиродителиучебна година
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ