• Latest

Поевтинија тестенините и млечните производи; Петровска за ЦИВИЛ Медиа: Соработка со НАТО за сајбер нападите; законски измени за набавка на лекот „Трикафта“

March 10, 2023
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Поевтинија тестенините и млечните производи; Петровска за ЦИВИЛ Медиа: Соработка со НАТО за сајбер нападите; законски измени за набавка на лекот „Трикафта“

March 10, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Владата ги намали цените на тестенините за 15 отсто, а на млечните производи за 10 проценти

Тестенините поевтинуваат за 15 отсто, а млечните производи за 10 проценти и нивните цени ќе се замрзнат. Со одлуката цената на тестенините ќе се намали за 8-9 денари, односно минимум за 15 отсто, а за овие продукти се укинуваат и увозните царински давачки од 13 март до 31 мај 2023 година.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Славјанка Петровска за ЦИВИЛ Медиа од Криволак: Преку билатерална соработка со земји членки на НАТО до решение за сајбер и хибридните напади во земјава

Пред неколку дена имавме средба со претставник од НАТО, кој дојде во земјата за да ја скенира ситуацијата со капацитетите на институциите кои се вклучени во борбата со сајбер и хибридните напади, изјави за ЦИВИЛ Медиа министерката за одбрана Славјанка Петровска по повод воената вежба сто се одржа денеска во Криволак. Таа меѓу другото истакна дека сојузниците се тука за да даваат поддршка и да се помагаат меѓу себе, и дека веќе се разговара со која од земјите членки на Алијансата, ќе развиеме подетална билатерална соработка за адресирање на ова прашање.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Белгија го призна Хлодомор како геноцид Претставничкиот дом на Парламентот на Белгија го призна Холодомор од 1932-1933 година како геноцид врз украинскиот народ, Повеќе од 20 земји ширум светот официјално го признаа Холодомор како геноцид на украинскиот народ.

САД со санкции за Кина поради иранските дронови САД објави санкции против мрежата на кинески компании кои го снабдуваа Иран со резервни делови за воени беспилотни летала, вклучувајќи го и Шахед-136, наведува Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC)

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ШЕЌЕРОТ, ЈАЈЦАТА, ОРИЗОТ Идната недела ќе се направат анализи и ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јацата и оризот, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши, цените најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат.

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА НАБАВКА НА „ТРИКАФТА“ Со законските измени за набавка на лекови кои се произведуваат од еден производител, односно кога станува збор за патентиран лек, се решава децениски проблем на пациентите со цистична фиброза и ретки болести

ГРАЃАНИТЕ ДОЛЖАТ; БАНКИТЕ ПРОФИТИРААТ Минатогодишниот чист банкарски профит, по оданочување, е 157,3 милиони евра, покажуваат податоците од Народната банка. Ако се споредат податоците со 2021 година која ја  завршија со профит од 148,8 милиони евра, излегува дека лани вкупната добивка на 13 банки во земјава се зголемила за 8,5 милиони евра, или за 5,7 отсто, што не е импозантен плус за еден вака во принцип солидно профитабилен сектор.

ПОМОШТА ОД ЕУ ЗА НАДМИНУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА Со неповратните 80 милиони евра од ЕУ заедно ја надминуваме енергетската криза. Владата преку пакет мерки навремено и правилно ја насочи помошта за заштита на стандардот на граѓаните и бизнис секторот. Одговорното однесување и од Владата и од граѓаните даде резултати. Зимата поминува, а кризата не удри врз грбот на граѓаните, напиша на Фејсбук вицепремиерот и главен преговарач во евроинтегративните процеси, Бојан Маричиќ.

ОДЛОЖАНО СУДЕЊЕТО ЗА „ИМПЕРИЈА“ Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се одложи судењето за случајот „Империја“ против преостанатите три лица од предметот, по спроведената истражна постапка против 19 лица.

МОЖНИ МОДАЛИТЕТИ ЗА ВЕТИНГ ВО СУДСТВОТО Министерот за правда Кренар Лога започнал консултации со внатрешни и меѓународни фактори за можните модалитети на ветинг. Тој откри дека на средбата со евроамбасадорот во Скопје го искажал своето мислење дека на земјава не и треба разочарување на граѓаните како што се случи со поранешното Специјално јавно обвинителство. Доколку нема поддршка од ЕУ и од САД, министерот Лога рече дека не може да има процес на ветинг.

(ИЗБОР) Албански медиуми:

Русија предвидува неуспех на дијалогот помеѓу Косово и Србија; Курти е подготвен да го потпише договорот на 18 март во Охрид; нов мега скандал во Албанија со пловечките ТЕЦ

РЕГИОН

АЛБАНИЈА По успешното завршување на фазата на имплементација, пловечката фотоволтаична централа во Елбасан започна со работа.

СВЕТ

ЕВРОПСКА УНИЈА Европскиот совет денеска соопшти дека Претседателството на Европскиот совет и преговарачите на Европскиот парламент постигнале прелиминарен договор за намалување на потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година на ниво на ЕУ

МУЛТИКУЛТУРА

Нов проект на ЦИВИЛ „Заедно за подобра иднина“ за промоција на мултикултурализмот и европските вредности

ЦИВИЛ почна со имплементација на новиот проект „Заедно за подобра иднина“ со поддршка од Министерството за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, за промоција на мултикултурализмот и европските вредности во земјата. Проектот предвидува низа активности за поттикнување на позитивни промени во општеството и поттикнување на заедниците да работат заедно за подобра иднина.

СЛОБОДНА ЗОНА

Од сите пораки кои беа испратени од маршот за правата на жените на 8-ми Март, се издвојува пораката „Црквата нека одјебе“. Оваа порака ги навреди чувствата на голем број верници. И со право реагираат за говор на омраза, бидејќи не може да се бориме за своите права, навредувајќи ги правата на другите! Нашите „крстоносци“ ќе ја распнуваат на крст девојката само затоа што напишала „црквата нека одјебе“, без да и приложат докази и аргументи дека борбата за правата на жената треба да се насочи кон институциите, а не кон религиозните храмови. Сепак сме секуларна држава нели!

.Д. Мишев

Tags: анализиВестиизјавиМултикултурарегионСвет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ