• Latest

Политичкиот затвореник, новинарот Игор Карнеи осуден на дополнителни 8 месеци затвор од режимот во Белорусија

December 13, 2024

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Политичкиот затвореник, новинарот Игор Карнеи осуден на дополнителни 8 месеци затвор од режимот во Белорусија

December 13, 2024 13:13
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, СВЕТ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот белоруски новинар на Радио Либерти, Игор Карнеи, кој претходно беше осуден на 3 години во казнена колонија, е осуден на нови, дополнителни 8 месеци затвор од режимот на белорускиот диктатор Александр Лукашенко.

Како што пренесува Радио Свобода, новото судење на новинарот Игор Карнеи, кој веќе отслужува казна во локалната казнена колонија, започна на 11 декември во Шклов.

Карнеи беше обвинет по член 411 од Кривичниот законик („Злонамерна непослушност кон барањата на управата на воспитно-поправен дом“). Новинарот е осуден на 8 месеци затвор покрај претходната казна. На Карнеи му судеше Александар Тараканов.

Во 2023 година, Карнеи беше осуден на 3 години затвор според Дел 3 од член 361-1 од Кривичниот законик („Учество во екстремистичка формација“).

РСЕ/Радио Свобода е забранета во Белорусија и е означена како екстремистичка организација, а работењето во оваа медиумска куќа финансирана од САД и ширењето на нејзината содржина се третира како кривично дело, за кое се казнува затворска казна до седум години. Новинарот работел за нивните белоруски и руски иданија од почетокот на 2000-тите, но не бил потпишан во последните години.

Игор Карнеи беше испратен на издржување на казната во казнената колонија бр. 17 во Шклов. Познато е дека таму е осуден на казнена изолација (ШИЗА), а од летото 2024 година е сместен во објект од типот ќелија (ПКТ), каде што се изолирани затвореници кои наводно не тргнале на патот на поправката.

Поранешниот новинар на Свабода на 1 јануари ќе наполни 57 години. Тој пишуваше многу за историјата и локалната историја на Белорусија, а познат е и како блогер за патувања.

Имајќи ја предвид новата казна, Игор Карнеи ќе биде ослободен дури во октомври 2026 година, за една година и 10 месеци. Малку се знае за условите на притвор и здравјето на новинарот.

“Изгледа дека е сам во ќелијата. Од време на време доаѓаат писма од него. Неговата состојба е нормална, не се жали. Ќе видиме што ќе каже судот”, изјавил информиран извор за Игор Корнеи.

Не е познато за какви прекршоци е обвинет Игор Карнеи за наводна „непослушност“.

Активистите за човекови права го признаа Игор Карнеи како политички затвореник. Неговите поранешни колеги и пријатели од Белоруското здружение на новинари (БАЈ) постојано бараа прекин на прогонот и ослободување на новинарот.

За репресиите кои врз слободата на говорот и независните новинари секојдневно ги врши режимот на белорускиот диктатор Александр Лукашенко, зборуваше вчера белоруската новинарка во егзил, Ксенија Халубович во своето излагање на панелот „Подемот на крајно десничарскиот национализам“ како дел од меѓународната конференција „Одбрана на демократијата и човековите права“ во Скопје, во кое, во емотивно обраѓање се осврна на состојбата во Белорусија, каде има притворени новинари, тоа е сива зона во Европа каде режимот на Лукашенко со голема помош од режимот на Путин, им оневозможува на лугјето слободна да се изразуваат, затварени се само за еден коментар на фејсбук, 1,5 милион луѓе ја напуштија земјата, а илјадници не можат да се вратат. Таа нагласи дека повеќето новинари избегаа и работат во егзил, и само тие може да го пренесат гласот на своите луѓе кои живета во сивата зона.

Драган Мишев


ПРОЧИТАЈТЕ И:

Ксенија Халубович, новинарка, Белорусија (во егзил): Ние не сме Руси, имаме сопствени проблеми, сопствен јазик, култура, не сме браќа, соседи но не и браќа, никогаш браќа

Tags: Белорусијазатворени новинарирежим
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ