• Latest

Полицијата откри мигранти во камиони на Богородица и Стар Дојран

February 3, 2018

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Полицијата откри мигранти во камиони на Богородица и Стар Дојран

February 3, 2018 12:47
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата вчера во два одделни случаи на граничниот премин Богородица и на преминот Стар Дојран откри 21 мигрант.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 22,45 часот во близина на гевгелиското село Милетково-  од страна на патрола од Полициска станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица било сопрено товарно моторно возило „Фиат-Дукато“ со бугарски национални ознаки управувано од М.Д.(28) од Струмица. Од страна на полициските службеници бил извршен  преглед на возилото при што се пронајдени 15 мигранти од кои осум сириски, пет пакистански и двајца ирачки државјани кои биле приведени. За настанот бил известен  Јавен обвинител. М.Д. бил лишен од слобода и предаден во Полициска станица Гевгелија, а мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин и граничен надзор Богородица, за понатамошна постапка.

Вчера утро во 07,40 часот за влез во Република Македонија се пријавило товарно моторно возило “Ивеко“ со кумановски регистерски таблици и приклучно возило марка „Шмитз“ со кумановски регистерски таблици управувано од А.К.(37) од Кратово. При мерење на вагата покажало поголема оптовареност од вкупната тежина, поради што било задржано на Граничниот премин за вонреден претрес.

Околу 11,40 часот од страна на полициски службеници од Граничниот премин Стар Дојран биле забележани непознати лица како излегуваат од приклучното возило и се упатуваат кон Република Грција, при што истите биле приведени. Притоа утврдено е дека се работи за две возрасни лица и три малолетни лица на возраст од 12, 14 и 16 години сите од Авганистан, како и едно полнолетно лице од Бангладеш.

Според нивно кажување во возилото се качиле во Република Турција. Извршен бил увид на местото на настанот, а од полициски службеници од Регионалниот центар-Југ-Гевгелија и од Привремениот транзитен центар Гевгелија извршиле разговор со мигрантите и со возачот. Мигрантите се предадени во Привремениот транзитен центар во Гевгелија. Се работи на целосно расчистување на случајот.

[divide]

Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГевгелијаГрцијаДојранМакедонијаМВРмигрантиполиција
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ