ТЕМА НА ДЕНОТ
Постигнато во 2022, визии за 2023, Владата организира дводневна конференција „Година на нови можности“
Годишна конференција „Година на нови можности“ почна денеска во Скопје. Станува збор за дводневна конференција во организација на Владата. Целта на годишната конференција е преку дискусија да се направи пресек на владините мерки и случувањата во 2022 година, со акцент на идните насоки и визија за новата 2023 година.
Ковачевски: 2022 година беше полна со предизвици, но не баравме оправдувања туку правевме, подобрувавме и унапредувамвме
„Изминатата 2022 година беше полна со предизвици во геполитички аспект. По пандемијата и економската криза се соочива и со војна на суверена држава, со ризици по светскиот мир. Требаше да се обезбеди, храна, струја, да се сочува стабилноста“ рече премиерот Димитар Ковачевски на конференцијата „Година на нови можности“.
Груби: Нема повеќе време, ниту простор за калкулации, или сте за или сте против Европа
Нема повеќе време, ниту простор за калкулации и измами. Или сте за Европа или сте против. Нема простор за средна зона, бидејќи нема друга алтернатива, порача првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, повикувајќи ги сите да се придружат на, како што рече, прогресивното мнозинство „на патот за Европска алијанса“.
Маричиќ: 2022 е најсупешна година во евроинтеграциите по кандидатскиот статус
„Изминатата 2022 година е најуспешна година на европските интеграции по добивањето на кандидатскиот статус во 2005 година. Клучна пресвртница во нашите односи со ЕУ“ изјави вицепремиерот за европски прашња, Бојан Маричиќ на годишната конференција „Година на нови можности“.
Костадиновска-Стојчевска: Културните работници денес имаат достоинствени плати
Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска наброја неколку крупни зафати на Министерството од изминатава година, за време на годишната конференција „Година на нови можности“.
Битиќи: Над 520 милиони евра инвестиции имаме само за една година
За првпат во државата ниту минималната плата ниту пензиите не се користат како алатка за манипулирање и уцени бидејќи ова донесува одржлив раст, а секако растот и развојот на нашата економија за да ги достигне потенцијалите клучно е реструктурирање на нашата економија, порача на панел дискусијата на годишната конференција на Владата, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Спасовски: Нема да се дозволи никаков инцидент на чествувањето на Гоце Делчев
Ова е во услови на малку зголемени тензии, различни најави за нарушување на јавниот ред и мир. Сакаме да упатиме јасна порака дека нема да биде дозволен никаков инцидент. Македонската полиција ги презема сите неопходни мерки и активности и апсолутно не смее да се дозволи инцидент, односно ќе се обезбеди чествување како што доликува на нашиот великан Гоце Делчев, изјави министерот Спасовски по средбата со бугарскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Крим ќе биде бојното поле што ќе одлучува за руско-украинската војна: Борбата за повторно заземање на Крим ќе биде одлучувачка во руско-украинската војна, изјави пензионираниот генерал-полковник Бен Хоџис, поранешен командант на американската армија во Европа, во интервју за Инсајдер
Украина сака да влезе во ЕУ во рок од две години: Украинскиот премиер, Денис Шмихал, во разговор за Политико изјави дека Украина има план да влезе во Европската унија во следните две години.
Џонсон: Путин ми се закани со ракетен напад пред нападите на Украина: Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин му се заканувал со ракетен напад во текот на вонреден телефонски разговор пред рускиот напад врз Украина во февруари минатата година.
ФЛЕШ ВЕСТИ
СМЕНА ВО ЗЕЛС На барање од градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, скопската градоначалничка Данела Арсовска е разрешена од претседателка на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) со едногласна одлука на Управниот одбор.
ВЛАДИНА КОАЛИЦИЈА Премиерот Димитар Ковачевски утре, најверојатно во Владата, ќе има средба со лидерот на Алијансата за Албанците (АА), Арбен Таравари, на која ќе се разговара за евентуален влез на партијата во владината коалиција, дознава МИА од избори во АА.
ШТРАЈК НА ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНЦИ Дел од приватните превозници од девет часот денеска ќе протестираат пред седиштето на ЈСП во Автокоманда. Тие ќе бараат средба со директорот на ЈСП, а подготвуваат и барања за прием до Град Скопје и до Владата.
ОСМАНИ ВО БРИСЕЛ Министерот за надворешни работи на Северна Македонија и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи денеска и утре е во работна посета на Брисел каде што ќе има средби со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, како и со заменикот на генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана.
СВЕТ
ИЗРАЕЛ Израелската полиција соопшти дека ја запечатила куќата на терористот кој во петокот уби седум лица и рани тројца во ерусалимската населба Неве Јаков. работа,кога ке заврсамАрмијата ја запечати куќата на Алкам Кари пред нејзиното уривање во населбата А-Тур, во источен Ерусалим.
ТУРЦИЈА Американската Амбасада во Турција денеска ги предупреди Американците за можни терористички напади врз цркви, синагоги и дипломатски претставништва во Истанбул, што е второ вакво нејзино предупредување во последните четири дена, особено по палењето на Куранот на неколку места во Европа.
СЛОВЕНИЈА Словенечката разузнавачка и безбедносна служба СОВА во Љубљана откри двајца странски државјани осомничени дека шпионирале за Русија. При апсењето било утврдено дека еден од осомничените живее под лажен идентитет и има аргентински пасош.
ПАКИСТАН Најмалку 22 лица загинаа, а десетици се ранети кога силна експлозија одекна во преполна џамија во пакистанскиот град Пешавар, изјави за ДПА портпаролот на локалната полиција.
АЛ-ПРЕС
Во Албанија во текот на изминатата година се уапсени 168 полицајци, а за 300 обвинителството отворило истраги, аферата Мекгонигал под лупата на аналитичарите, Курти со тешка задача – да ги исправи грешките од минатите влади… Ова се дел од темите на изборот на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.Овие теми се дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа за денеска.
ИНТЕРВЈУ
Земон: Справувањето со создавање здрава животна средина е еден од поголемите предизвици на денешницата
ЦИВИЛ Медиа разговараше со директорот на Центарот за напредни истражувања г. Рубин Земон, по повод 11-та годишна конференција насловена „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи“, што ќе се одржи во Охрид на 18 и 19 јануари 2023 година.
СЛОБОДНА ЗОНА
ВМРО-ДПМНЕ ги активираше партиските парамилиции
Јас не знам како се брани „македонштината и патриотизмот“ ако ги браниш со непочитување на македонскиот јазик па наместо „попустливост“ пишуваш „попусливост“. Или со апсолутно несоодветната употреба на именката „македонштина“, на што предупредува и Блаже Конески затоа што, како што пишува тој во неговата „Граматика на македонсккиот јазик“ (стр. 251), невнимателното изведување именки со наставката „-штина“ во некои случаи добива негативна и презрива конотација како што се будалштина, магарштина, ветроштина.“ во последователните анализи Зоран Бојаровски.
Д. Мишев