Денеска Дедо Мраз пристигна и кај најмладите пациенти на Клиниката за детски болести во Скопје, објави Министерот за здравство, д-р Венко Филипче. Него го донесоа пожарникарите. Сите заедно, им обезбедија вистински спектакл на најмладите пациенти.
„Традиционално, секоја година ги изненадуваме најмалите пациенти, а оваа година тоа беше навистина посебно. Им посакувам што побрзо заздравување и многу среќни мигови“ – изјави Филипче.