• Latest

Пратеникот на ОН за Сирија во посета на Москва

March 30, 2018

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Револуционерен модел

November 1, 2026

Подготвеноста спасува животи: Практичен водич за кризни ситуации

November 1, 2026

Кочани, корупција и бесмисленост: Начин на живот на територија што посакува да биде држава

November 1, 2026

Аферата Алта банка: Парите, политиката и мрежата на моќ од Белград до Скопје и пошироко

October 31, 2026

Кога ќе се совпаднат изборите во Брвеница и цената на студентскиот оброк

October 31, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Амб. Лариса Дир

Украинската амбасадорка Лариса Дир за ЦИВИЛ МЕДИА: Рускиот агресор ги користи студот и темнината како оружје против Украинците

October 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пратеникот на ОН за Сирија во посета на Москва

March 30, 2018 09:20
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Изработката на новиот Устав на Сирија, доставувањето на хуманитрана помош за сириското населние и состојбата во Источна Гута, беа главни теми на средбите на специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура со неговите домаќини во Москва. 

Мистура се сретна со рускиот министер за одбрана Сергај Шојгу со кого ги разгледа прашањата за состојбата во реонот на Источан Гута, поранешната бунтовничка енклава во блзината на Дамаск, како и за дистрибуцијата на хуманитрана помош до цивилното население.

Сириската Влада им даде на бунтовниците во Источна Гута тридневен ултиматум да го напуштат регионот, кој почна да тече од средата на полноќ.

Шојгу го информираше Мистура  дека сириските бунтовници се обиделе да качат десетици бомбаши-самоубијци во автобусите со кои се евакуираат жителите од источните предградија на Дамаск.

Пред Мистура, Шојгу истакна дека војниците во понеделникот пронашле седум појаси со експлозив, во вторникот уште 32 и девет во средата. Тој истакна дека во изминатите две недели од Источна Гута биле извлечени 130.000 цивили и 11.000 бунтовници.

Мистура пак истакна дека од клучно значење е да се гарантира безбедноста на цивилите кои се евакуираат од областа.

Пратеникот на Светската организација во разговорите најавил и дека ОН планираат да испратат експерти во Сирија, кои ќе имаат задача да изработат планови за обнова на разурнатите градови во земјата.

Мистура се сретна и со шефот на руската дипломатија Сергај Лавров, со кога разговараше за обнова на мировните преговори за Сирија во Женева, со главен акцент на изработката на идниот устав на земјата.

На сребата Лавров порачал дека се надева оти ОН ќе го зголемат своето учество во „колективните напори за помош при обнова на реоните на Сирија разуранати од дејствувањето на терористите“, со што би им се овозможило на „мирните граѓани“ побрзо да се вратат во своите домови.


Извор: МИА

Tags: МоскваОНпосетаСирија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ