• Latest

Преглед на настани: Одложена одлуката за аболиција, блокада од Бугарија, ДКСК отвора дебата за прекршочни одредби

November 6, 2020
Гробовите на Сребреница

Од 1992 до 1995 година во војната во БиХ исчезнале 3.838 жени

July 5, 2025
Газа (скриншот од видео снимка)

Израел продолжува со воздушните напади врз Газа откако Хамас соопшти дека е подготвен за преговори за прекин на огнот

July 5, 2025

Иран не се согласил на инспекции, ниту се откажал од збогатувањето ураниум, вели Трамп

July 5, 2025
Мурал Ратко Младиќ во Белград, Фотографија/ скриншот од видео на Ал Џазира

Србија и Сребреница: Од гласна тишина до бучна релативизација

July 5, 2025
„Жолто копче“ дигитално здравство
Фотографија/ Министерство за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

Дојава за бомба во косовскиот парламент, евакуирани пратениците

July 5, 2025
Ванг Ји, министер за надворешни работи на Кина во Брисел
Фото/ скриншот од видео на ЦНА

Кина е подготвена да ги координира мировните напори за Украина со Франција, изјави кинескиот министер за надворешни работи

July 5, 2025
Фото: Твитер

Украинските воздушни одбранбени сили неутрализираа 292 од 322 руски дронови преку ноќ

July 5, 2025

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 5, 2025

Прекината мерката притвор за Додик, според судот на БиХ веќе не претставува опасност по уставниот поредок

July 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Преглед на настани: Одложена одлуката за аболиција, блокада од Бугарија, ДКСК отвора дебата за прекршочни одредби

November 6, 2020 17:05
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Аболицијата не само што е спротивна на правото, туку и на моралот

Уставните судии го одложија вчерашното оценување на уставноста на член 11-а од Законот за помилување, со кој требаше да се расчисти дали поранешниот претседател Ѓорге Иванов можел да ја повлече аболицијата.

 

Како што објави ТВ 24, судијата Осман Кадриу предложил да се одложи одлучувањето, бидејќи има клучни разлики меѓу предлозите на судијата Дарко Костадиновски, кој сега е известител за оваа иницијатива, и предлогот на судијата Владимир Стојановски, кому минатата година му беше доделен овој предмет, но неговиот мандат заврши.

 

Според Кадриу, предлогот на Стојановски тогаш бил да се поништи или да се укине спорниот член 11-а, а сега предлогот на Костадиновски е да се запре постапката по ова одлучување. Според него, ова се дијаметрално спротивни предлози и затоа по оваа точка не треба веднаш да се одлучува, туку треба одново да се расправа.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

Тетовчани со двојна болка за Виена и препорака: “Треба да пазиме сите, а особено вие новинарите”

Мирно, но застрашувачко. Голем револт, чаршиски муабети, но никој не се охрабрува јавно да зборува. Терористичкиот напад во Виена, тетовчани го доживеаја  двојно трагично. Од една страна, меѓу себе, секој на свој начин ја искажува болката и жалоста за изгубените животи, а од друга страна загриженоста за тоа што еден од напаѓачите бил со потекло тетовчанец, Албанец и муслиман, како мнозинството од граѓаните на Тетово.

На кого (ќе) му одговараат етнички тензии во овој момент?

Додека пратениците во Собрание дебатираат за предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за судија на Уставниот суд, дел од медиумите објавија дека Врховниот суд ја укина пресудата за убиството на Ангел Петковски на 30-ти септември од страна на 5-член совет. Веста ја објави телевизија Телма, повикувајќи се на судски извори.

ЦИВИЛ јавно побара за извинување за навреда и клевета од Бобан Кочовски, член на раководството на Левица

ФЛЕШ ВЕСТИ

На состанокот на амбасадорско ниво КОРЕПЕР, на кој се разгледува преговарачката рамка, денеска е прекршен членот 2 од Договорот за добрососедство со Бугарија и ја имаме првата блокада. Тоа не значи дека шансите се изгубени, следуваат уште два состанока на амбасадорско ниво, по што ќе следи министерскиот состанок (ГАК) на 17 ноември, изјави денеска премиерот Зоран Заев. 

ДКСК бара отворање на дебата за предвидување прекршочни одредби, бидејќи има прописти и слабости во законите за локална самоуправа и за јавни претпријатија што дозволуваат да продолжи неказнето именувањето и разрешувањето вршители на должност директор, било на централно или локално ниво.

ДКСК ја запре постапката по предметот на претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски за набавка на службено возило во вредност од 40 илјади евра, бидејќи по добиените информации се утврдува дека јавната набавка е целосно законска и не може да се утврдат никакви неправилности.

Министерот за здравсто Венко Филипче денеска изјави дека целата зграда на Интерни клиники ќе биде наменета за третман на пациенти со КОВИД-19.

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), во рамките на турското претседавање 2020-2021, во Анталија, Република Турција.

„Фронт 21/42“ бара нова јавна расправа за Нацрт-законот за прогласување на Шар Планина за национален парк.

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска почнува исплатата на правата од социјална заштита за октомври.

СЛОБОДНА ЗОНА 

„Во текот на вчерашниот ден, извесно лице од ДИК се јави во редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, за да укаже дека насловот на објавениот текст што се однесува на истрагата од Обвинителството за гонење организиран криминал, за претседателот на ДИК, Оливер Деркоски и тројца членови  на комисијата за јавни набавки, за набавка на софтверот на последните избори“, пишува Дијана Тахири во „Дали претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, е член на ДИК, или е само вработен таму?“.

„Не ми е јасно што би можело уште да се напише или каже по повод новите билатерални барања од страна на Бугарија за одобрување на почетокот на нашите преговори за влез во ЕУ, а да се остане во рамките на пристојноста и да не се додаде масло на огнот од нервоза, провокации и навреди кои се закануваат да ги заплиснат односите меѓу двете земји не само во овој момент, важен и за нас и за нив, туку и за во годините што доаѓаат… Бидејќи, ако атмосферата во јавноста на двете земји стане „отровна“, какво било посредничко германско „маѓепство“ нема да може да ја помести работата во конструктивна насока“, пишува Сашо Орданоски во колумната „Упатно е да не се чачка таа мечка!“

А. П. 

Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ