• Latest

Пријави се на семинарот за граѓанско новинарство уште денеска!

February 17, 2017

Русија повторно ја нападна украинската железница: двоен удар врз патнички воз во Запоришката област

July 18, 2026
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пријави се на семинарот за граѓанско новинарство уште денеска!

February 17, 2017 10:11
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобoда до сега обезбеди бесплатни семинари за граѓанско новинарство на 262 граѓанки и граѓани од целата земја, а додели 55 награди за прилози на граѓанските новинарки и новинари во проектот Граѓански објектив. Третиот регионален семинар за граѓанско новинарство за оваа година ќе се одржи во Струмица на 18 и 19 февруари, во хотел Есперанто.

Со возбудлива програма и многу практична работа, овој семинар ќе биде осми по ред, од почетокот на овој проект во октомври 2015 и кој ќе трае до крајот на 2017 година. Останува само уште еден ден за аплицирање на семинарот.

Пријавувањето не може да биде поедноставно! Пополнувањето на онлајн апликацијата трае само неколку минути, а знаењата кои ќе ги добиете на семинарот ќе ви траат цел живот! Кликнете ТУКА за пристап до апликацијата за учество на семинарот.

Важна напомена: Право на учество на овој регионален семинар имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општините Струмица, Валандово, Гевгелија, Дојран, Ново Село, Босилово, Василево, Конче и Демир Капија.

Во меѓувреме, кликнете лајк на Фејсбук страницата за граѓански новинарки и новинари, но и на ЦИВИЛ Македонија, а можете бесплатно да ја преземете и публикацијата Ние сме медиумите! од веб страницата Граѓански објектив, посветена на граѓанското новинарство.

 

IMG_1554

Основна цел на проектот Граѓански објектив е да се придонесе кон транспарентни и одговорни политички процеси, да се зајакне јавната свест за политиките и практиките поврзани со човековите права, гласачкото право и политичките процеси и да се алармира домашната и меѓународната јавност за измамничките практики во изборните процеси и воопшто.

Проектот е поддржан од фондацијата National Endowment for Democracy.


Во спрега со новите технологии и интернетот, граѓанското новинарство ги промени медиумите, а со тоа и светот. Кој не може и не сака да прифати дека медиумите се променети од корен и дека денес секој може да биде граѓански-а новинар-ка, тогаш подобро да се подготви за пензија. Во медиумскиот хипер простор не остана место за арогантните, самопрогласени величини кои за себе тврдат дека сѐ уште се единствените кои релевантно се занимаваат со фактите. Свесни и активни граѓанки и граѓани можат да истражуваат и да известуваат за настаните и темите кои ја засегнуваат нивната заедница и општеството во целост.

Проектот „Граѓански објектив“ го овозможува тој простор, граѓанските новинарки и новинари да известуваат и објавуваат без страв и без стеги. Нивните снимки можеби не се толку јасни и квалитетни, но затоа се директни и ја претставуваат реалноста без посредници. ЦИВИЛ ја отвори можноста тие безбедно и со наша поддршка да објавуваат стории без цензура. Ги охрабруваме сите засегнати граѓанки и граѓани да известуваат без страв и без обврска некому да му направат услуга. Тој принцип, заедно со извикот „Ние сме медиумите!“ отвори нова страница во медиумите и во активизмот во земјава.

Џабир Дерала, „Ние сме медиумите“, Скопје, 2016

Tags: граѓански новинариГраѓански објективсеминарСтрумица
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ