• Latest

Притисоци, уцени и закани врз студентите и средношколците!

March 3, 2017
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Притисоци, уцени и закани врз студентите и средношколците!

March 3, 2017 17:01
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поддржувачите на идејата „За заедничка Македонија“, продолжуваат со обидите да го зголемат бројот на демонстранти со притисок, злоупотреба, манипулација, режирани сцени и уцени на студентите. И, што е уште позагрижувачки, тие механизми ги применуваат и врз малолетници од средните и основните училишта!?

До ЦИВИЛ – Центар за слобода пристигнаа голем број пријави од загрижени студенти, ученици и родители кои се револтирани од притисокот и манипулациите што се вршат врз нив и нивните деца.

Фотографии од натписи по средни училишта во Скопје – „Не сакаме нашите деца да живеат во федерална држава“ се објавени на провладините портали, каде што со гордост се покажува дека малолетни средношколци учат во училишта што испраќаат пораки за поделеност и меѓуетнички тензии.

Притисоците што најмногу загрижуваат се оние што се пренесуваат и во основните училишта. ЦИВИЛ Медиа, објави текст за основното училиште „Димитар Македонски“ од Скопје каде што ученици носат самолепливи етикети со „пари“ на кои има албански ознаки и ги лепат насекаде низ училиштето. Пријавата пристигна од загрижена граѓанка од Општина Аеродром.

Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, разговараше со директорката Зорица Поповска, според која, нема залепени „пари“ во училиштето, но како што ни изјави, таа не може да проверува кој што носи во своите училишни ранци. Поповска, цврсто стои на ставот дека политиката треба да е настрана од училиштата.

ЦИВИЛ Медиа објави дека во студентските домови „Кузман Јосифовски Питу“ и „Пелагонија“, на 28 февруари, ден пред првиот протест на кој се приклучија и студентите, од врата на врата, на студентите им се делеле материјали сокои тие се повикуваат на поддршка на протестите против двојазичност. И преку СМС-пораки од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМЕ се мобилизираа студентите да се појават на протест.

Следниот ден, средното техничко училиште „Ѓорги Наумов“ од Битола, беше првото, каде што, како што вели анонимниот извор на ЦИВИЛ, под притисок на вработени од редовите на Унијата на млади сили од ВМРО-ДПМНЕ, со испраќање на пораки биле поттикнати ученици, меѓу кои и малолетници, да ја прекинат наставата како знак на револт за наводната идеја за двојазичност. Ден подоцна, на бојкотот на наставата се приклучија и битолските средношколци од училиштето „Таки Даскалот“.

И средношколците од скопската гимназијата „Јосип Броз Тито“, вчера беа жртви на манипулација од организаторите на „За заедничка Македонија“. Преку соопштение им било наредено да излезат од училиштето – за провладините портали да ги снимат средношколците како наводно, се приклучуваат кон протестот.

ЦИВИЛ – Центар за слобода постојано упатува критики, го осудува за секој обид да се злоупотребуваат малолетници и апелира учениците да останат надвор од дневните политики и манипулации на власта.

Во предизборниот период, кога неретко малолетници беа користени во изборни кампањи, ЦИВИЛ постојано укажуваше и објавуваше пријави од вознемирени граѓани и граѓанки и во своите соопштенија ги повикуваше надлежните институции да реагираат и да ги санкционираат сите злоупотреби со деца.

По завршувањето на изборите, актуелните протести повторно ги активираа сите средства со кои се користи владејачката партија, кои уште еднаш се најгласно осудени од ЦИВИЛ. Во денешното соопштение се вели:

„Индоктринацијата и злоупотребата на малолетници за спроведување акти на политичко насилство се крајно неприфатливи. Инспираторите на насилството во изминатите неколку дена мора веднаш да се повикаат на одговорност.Ги повикуваме институциите, пред сè, полицијата и обвинителството, веднаш да преземат законски мерки и да го спречат насилството“.

Tags: „За заедничка Македонија“злоупотребималолетницисредношколциЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ