• Latest

Продолжува насилството или ВМРО-ДПМНЕ си го бара чарето?!?

July 8, 2017
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Продолжува насилството или ВМРО-ДПМНЕ си го бара чарето?!?

July 8, 2017 13:57
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно со Деловникот на Собранието, ВМРО-ДПМНЕ одлучи да формира 10 пратенички групи, па со 10 координатори да ја узурпира парламентарната говорница, да ја силува македонската парламентарна демократија и од позиција на опозиција. Но, ова не е првпат да се демонстрира насилство врз највисокиот законодавен дом. За 2.5 месеца ВМРО-ДПМНЕ практицира повторно агресија врз граѓаните на Македонија!

Пишува: Моника Талеска

Тукушто ги подзаборавивме злоделата, крвавото сценарио на 27 април, кога ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се обиде да го задржи криминалното владеење, коруптивно самоволие на партиската клика, сега, повторно ги поткопува столбовите на демократијата.

Не дека некој е изненаден, не дека јавноста не е подготвена на вакви манипулативни чекори на квазиполитичарите на оваа партија, кои заслужуваат само ловорики за фарисејство. Но, не смее да му се дозволи на ВМРО-ДПМНЕ, да продолжи да ја руинира демократијата, да ја аби скапоцената иднина на македонските граѓани, зашто им украде 12 години живот.

Пресвежи се сеќавањата од практицирањето власт на режимот, што ги дезавуираше институциите, до темел го еродираше системот. Пресни се раните од ударите со камшик врз правосудството, врз здравството…, па, кога државата падна на коленици и во постизборните комбинаторики оваа партија „се напи малку свежа крв“, сега пак ѝ се заканува на демократијата.

Но, дали поделбата на 10 пратенички групи е само обид за дефокусирање на јавноста, за парализирање на работата на Собранието, или ова е почетокот на крајот на ВМРО-ДПМНЕ?

Реформаторите во партиските редови не се повлекуваат. Бројот на незадоволните расте. Отворени критики стигнуваат и од партиски членови, довчерашни послушници на Груевски без поговор.

Додека ВМРО-ДПМНЕ повторно удира врз лицето на парламентарната демократија, се чини, почнува процесот на демократизација во партиските редови.

Партијата е навидум со лидер. Но, овој експремиер кој ќе остане запишан во аналите како најголем диктатор, иако сè уште со поддршка на партиското судство избегнува притвор, е обвинет за бројни кривични дела. Груевски клечи на коленици, гордост одамна нема, плукаат врз него неговите најблиски соработници, а партиските судии, именувани со негов амин, сепак, му ги одзедоа документите за лична идентификација.

Се чини, не се предава. Но, моли за настап по медиумите. Добро нашминкан и напудрен, со свежо фарбана фризура, ама со пеплосан тен, во партиските медиуми, на газди за кои СЈО исто така изрече мерки притвор, се обидува да се ослободи од гревот, со нескриен гнев, да го зачува дигнитетот… Но, неговото време истече! Замина! Замина времето кога Груевски, хранејќи го својот безочен хедонизам, купуваше очила од 60.000 долари и лимузина од 600.000 евра со нашите пари!

Партијата од двете бази на сервисот за информации, пред речиси два месеца ги повлекла телефонските броеви, што е исто така, симптоматично. Партиските членови сега дури говорат за процедурите за влез во велелепната зграда изградена со наши пари, со парите на сиромашните граѓани, говорат за понижувачкиот третман на обичното членство во однос на кликата, која бесрамно ја злоупотребуваше власта.

Од сите страни стигнуваат сигнали, дека ВМРО-ДПМНЕ пука по своите шевови. Локалните власти се преслушуваат, пребројуваат, ја средуваат документацијата, државните фирми со неразрешени директори разнесуваат фактури и договори…, стравот им е в коски. Се погласни се доброупатените сеирџии во редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во подолните ешалони, кои едвај чекаат новата власт да изрече санкции за градоначалниците, раководителите…, што континуирано го прекршувале законот, ќарeле, се богателе, купувале станови и имоти со државни пари, трошеле и по 7.000 евра за вешалици и плескавици, како бодигдарите на eкспремиерот …

Граѓаните не заборавија, чекаат казната да дојде.

Чекаат! Не одмазда, ја чекаат разврската. Судска! Чекаат конфискација на имотите, на парите, на богатствата што 12 години им беа одземани!

Чекаат правда!

Tags: 27 априлВМРО-ДПМНЕдиктаторказнанасилствоНикола Груевскипарламентправдапратенички групирежимСобраниесудство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ