Денес со почеток во 12 часот на плоштадот во Тетово, пред локалните, регионалните и националните медуми, ЦИВИЛ го промовираше новиот проект Караван на слободата, поддржан од УСАИД.[youtube width=”600″ height=”400″]https://www.youtube.com/watch?v=f5TmFiFicbc[/youtube]
Во присуство на медиуми, музичари. претставници на граѓански организации и слобдни граѓанки и граѓани, Петрит Сарачини, програмски координатор на ЦИВИЛ, го промовираше Караванот на слобoдата и ги запозна со деталната програма за активностите во наредните три месеци, но и за мултимедијалниот настан на 26 август во Тетово. Присутните имаа можност да учествуваат во фото-петицијата за поддршка на Караванот.
Целта на Караванот на слободата е преку влијанието на уметноста да се разбуди граѓанската свест и граѓанското учество во процесот на донесување на одлуки на локално и национално ниво.